понедељак, 01. април 2019.

ОДБЕЛЕЖУБАЊЕ НА 1- АПРИЛ - ПРВОАПРИЛСКИ МАСКЕНБАЛ



     Според  Годишната програма на училиштето, денеска беше одбележан 1Април - Денот на шегата со првоаприлски маскенбал. Учениците од одделенска настава дефилираа низ нашата населба, а учениците од предметна настава имаа првоаприлска забава во холот на училиштето. Сите ученици беа маскирани, а најкреативните маски добија награди.
Голема благодарност за несебичната поддршка до спонзорите:„Наше трико“, „Винка-текс“, бутик „Билјана“, „А.Д. Копан“, парфимерија „Естреља“, парфимерија „Ива“, парфимерија „Џоана“, цвеќарница „Лотус“, „Антра“, „Сториа кафе“, „Тами“, ресторан „Коко“, пицерија „Белучи“, „Бургер бар“, „Пица Стеа“, бурекџилница „Антонио“, бурекџилница „Кај Дуле“, бурекџилница „Македонија“, бурекџилница „Антонио“, пицерија „Стеа“, слаткарница „Кармен“, слаткарница „Стефани“.
 Одговорни:
Тони Петрушевски-наставник по историја
Горан Петковиќ- наставник по географија
Тања Трпеска- одделенски наставник
Адријана Кукоска- дефектолог




Соогласно Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2018/2019 година на 01.04.2019 (понеделник) во подрачното училиште„Рајко Жинзифов“- н.Пинтија се реализираа активности  за одбележување на Денот на шегата. Сите ученици од прво до петто одделение заедно со своите наставнички активно се вклучија во одбележување на овој ден. Маскирани во нивните омилени ликови од приказните, гледаните филмови и нивното опкружување отидоа да ги покажат  своите маски пред децата од градинката „Ѓурѓица“ и нашите идни првачиња. Тие весело не дочекаа со нивните учителки и ни ги покажаа своите маски. Дефилето низ населбата го продолживме со децата од градинката ,
Во весело расположение се вративме во училиште каде што имавме избор на најдобри маски во одделението.  Најдобрите три маски беа прикажани пред другарчињата од другите одделенија и беа поздравени со громогласен аплауз. Денот на шегата го продолживме со кажување на смешни случки и творење  хумористични песни.

                                                             Одговорен наставник: Даниела Костадинова








Национален натпревар „Европски квиз на парите“

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука организираше квиз натпревар по повод Европската недела на парите, а на истиот учество зедоа 23 ученика од 9-б одд. од нашето училиште. На квиз натпреварот учествуваа 3000 ученици на возраст од 13 до 15год. од 142 основни и средни училишта од нашата држава. Истиот  се одвиваше во две фази: прв подготвителен тест што се одржа на 13.03.2019год. и втор подготвителен тест што се одржа на 20.03.2019год. На првиот тест имаше 18 прашања, а на вториот тест 17 прашања од областа на економија и пари, а најмнногу бодови т.е. сите 35 бода ги освоија ученичките Мила Маркоска  и Ева Карамановска. Истите ученички на финалниот натпревар, што се одржа за време на Европската недела на парите на 27 март 2019год, освоија 8946 бода и се пласираа на 75 место, што претставува успех бидејќи овој квиз натпревар прват се одржува во нашата татковина.
            Организаторите на овој национален натпревар имаат за цел унапредување на финансиската едукација на младите луѓе на возраст од 13 до 15 год.натпреварот се одржа во просториите на Економскиот факултет .
Ментор на учениците:
Марина Станоеска
Настав.по математика
 

Нема коментара:

Постави коментар