Во текот на првото полугодие во учебната 2025/2026 година стручните соработници училишниот педагог, психолог и дефектолог реализираа работилници на теми поврзани со ментално здравје на младите.
Проектот за ментално здравје има за цел да ја подигне свесноста за важноста на психолошката благосостојба кај учениците и да создаде поддржувачка, безбедна и поттикнувачка училишна средина.
Преку едукативни активности, работилници и индивидуални разговори, проектот овозможува рано препознавање на потешкотиите, развивање здрави стратегии за справување и јакнење на емоционалната резилиентност.
Главната цел е учениците да се чувствуваат слушнати, разбрани и охрабрени, како и да стекнат практични вештини за регулирање на емоции, градење самодоверба и подобрување на меѓучовечки односи. Во овие работилници учествуваа вкупно 487 ученика од I до IX одделение.
педагог Весна Рафеска
психолог Бранка Бранковиќ
дефектолог Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.