На 23.12.2025 година, во
просториите на нашето училиште, успешно се одржа Новогодишен базар. Настанот помина во
празнична и весела атмосфера, исполнета со детска радост, креативност и
заедништво.
На базарот зедоа учество
сите ученици од прво до деветто одделение, заедно со своите одделенски
раководители. Учениците подготвија и изложија разновидни новогодишни
украси, рачни изработки, честитки и други креативни производи, изработени со
голем труд и љубов.
Настанот беше одлична
можност за поттикнување на тимската работа, креативноста и хуманоста кај
учениците, како и за зајакнување на соработката меѓу учениците, наставниците и
родителите.
Новогодишниот базар
придонесе за создавање топла празнична атмосфера и уште еднаш ја потврди
важноста на ваквите заеднички училишни активности. Со вакви настани, училиштето
ја негува традицијата на заедништво и празничен дух оставајќи убави спомени кај
сите присутни.
одд.наставник Цветанка Ѓорѓиевска



Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.