уторак, 9. децембар 2025.

Едукативна работилница на тема ,,Повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици "

 

Денес 9 декември 2025 година во нашето училиште беше одржана едукативна работилница на тема ,,Повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици ", како дел од проектот ,,Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад", подржан од Владата на Швајцарија во Македонија преку програмата Civica Mobilitas.Работилницата беше организирана од Центар за ресурси во животна средина- РЕЦ во соработка со Еко Логик и Флорозон-центар за еколошка демократија. Беа вклучени ученици од 7,8 и 9 одд. од централното и подрачното училиште и наставниците по биологија и хемија Билјана Наунова и Татијана Георгиевски.

Работилницата ја водеа експерти од ЈП ,,Дрисла" и експерт за животна средина. Предавачите им презентираа на учениците важни информации за управување со био-отпад и начини на негово преработување. Учениците имаа можност практично да се запознаат со процесот на добивање биодизел од употребено масло, и изработка на биопластика од лушпа од компир.Исто така учениците учествуваа во процесот на екстракција на масло од семки од сусам и сончоглед. На овој начин, учениците учеа како органските остатоци може да се пренаменат во корисни материјали.

предметни наставници Билјана Наунова и Татјана Георгиевски

 




Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.