Во текот на месец ноември и декември училишниот дефектолог Адријана Кукоска во соработка ОКВ и со Институт за специјална едукација и рехабилитција, Филозофски Факултет при УКИМ, се реализирааа вежби, практична настава по предметот Инклузивна пракса, во нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“.
Целта беше студентите да посетуват редовно училиште во кое има вклучено ученици со посебни образовни потреби. Активно да учествуваат во креирањето и спроведувањето на Индивидуалниот образовен план за учениците со пречки во развојот во редовното училиште. Да учествуваат во тимската работа и стекнуваат вештини кои се неопходни за самостојна стручна работа со децата со пречки во развојот во редовното училиште.
Студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитција имаа можност да се запознаат со инклузијата и инклузивното образование во нашето училиште. Дефектолошка процена, досие на ученик, работните задачи, подрачјата на работа на специјалниот едукатор и рехабилитатот во основно училиште.
Начини на работа со учениците со попреченот во зависност од нивните можности, потреби и способности, изработка на индивидуален образовен план, модифицирана програма, диференцијација во настава и ревизија на истите. Запознавање со работата на инклузивен тим на ниво на училиште и инклузивни тимови на учениците, начини на соработка со родители.
Дефектолог м-р Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.