понедељак, 8. децембар 2025.

8 ДЕКЕМВРИ-СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

 

                  Како и секоја година така и оваа учениците заедно со своите наставници го одбележаа овој значаен ден како за словенската така и за македонската писменост и култура. Активностите ги изведуваа ученици од 8 одделение. Членовите од драмската секција ја изведоа драматизацијата насловена „Големиот учител“. Дел од учениците напишаа лични поетски творби на тема „Светлина во темнината“, како и изработување на реферат и интерпретирање на училишната разгласна станица. На достоен начин  им го честитаа големиот празник на учениците и вработените од нашето училиште.

                    Нека се сеќаваме на него не само на празникот, туку секој ден – кога учиме, кога пишуваме, кога зборуваме со љубов на нашиот мајчин јазик.
Зашто, додека зборуваме на македонски, во секој наш збор живее Свети Климент Охридски.

предметен наставник Љуба Мишевска

 


СВЕТЛИНА ВО ТЕМНИНАТА

Во тишината на старите времиња,
кога зборот немал глас,
ти дојде, Климент, со светлина,
да го разбудиш народот наш.

Со перо и вера во срцето,
со љубов кон секој човек прост,
ти ја отвори книгата на иднината,
и го повика духот на Божјиот рост.

Во Охрид, под небото сино,
ѕвездите слушаа твои збори,
а во очите на учениците млади
се раѓаа сонца, нови зори.

Ти ни даде букви — семки на знаење,
од нив никна наш јазик, наш глас,
и низ векови, со благодарност
го спомнуваме делото твоe, за нас.

Светлина во темнината — тоа си ти,
патоказ низ вековите што свети,
свет Климент, татко на школото,
човек со срце, што никогаш не се снеми.

 


Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.