Во текот на првото полугодие од учебната 2025-2026 година училишниот дефектолог го реализираше интерниот училишен проект „Убавините на различностите“ чија цел има поддршка на учениците со различни можности, способности и различна етничка припадност, подигнување на свеста кај учениците за прифаќање на различностите и надминување на присутните предрасуди и стереотипи, формирање на Училишен центар за почитување на различностите кој ќе работи во училиштето и пошироката локална средина за што поголема инклузивност.
Се формираше тим на наставници и се определија задолженијата и договор за понатамошните активности. Учениците се информираа, се запознаа со интерниот училишен проект и тековните активности. Се формираше Училишен центар за почитување на различности со ученици од 8 и 9 одделение.
Се реализираа работилница „Инклузија“ и работилница „Инклузивен јазик“.
Беше распишан ликовен и литературен конкурс на тема „Убавините на различностите- Јас ти различни, но совршен тим“.
Како финален производ со учениците се подготви флаер со заклучоци од досега сработеното, се подготови, се дизајнираше и се испечати збирката со творби.
Збирката, флаерот и креативните изработки се промовираа во училиштето при одбележување на 3 декември Меѓународен ден на лицата со попреченост.
Во рамки на проектот имавме и хуманитарна акција, со средствата се обезбедија пакетчиња кои беа дискретно поделени на учениците со попреченост и учениците од социјално загрозени средини.
Дефектолог м-р Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.