На ден 22 декември во училницата на 3а се одржа новогодишна работилница во која се подготвивме за учество во новогодишниот базар. Огромна благодарност до родителите и учениците кои несебично ги создадоа своите креации. Уживавме во дружбата,![]()
![]()
![]()
.
среда, 24. децембар 2025.
Извештај за реализирана Новогодишна работилница
Реализиран Новогодишен базар
На 23.12.2025 година, во просториите на нашето училиште, успешно се одржа Новогодишен базар. Настанот помина во празнична и весела атмосфера, исполнета со детска радост, креативност и заедништво.
На базарот зедоа учество сите ученици од прво до деветто одделение, заедно со своите одделенски раководители. Учениците подготвија и изложија разновидни новогодишни украси, рачни изработки, честитки и други креативни производи, изработени со голем труд и љубов.
Настанот беше одлична можност за поттикнување на тимската работа, креативноста и хуманоста кај учениците, како и за зајакнување на соработката меѓу учениците, наставниците и родителите.
Новогодишниот базар придонесе за создавање топла празнична атмосфера и уште еднаш ја потврди важноста на ваквите заеднички училишни активности. Со вакви настани, училиштето ја негува традицијата на заедништво и празничен дух оставајќи убави спомени кај сите присутни.
четвртак, 18. децембар 2025.
Техники за успешно учење
Во текот на првото полугодие во учебната 2025/2026 година
училишниот педагог Весна Рафеска и психологот Бранка Бранковиќ реализираа работилници на тема “Техники за успешно учење”
со учениците од шесто одделение во централното и подрачното училиште.
На работилниците се зборуваше за различни стратегии кои им помагаат на учениците да учат поефикасно, да го организираат времето и да ги развиваат своите вештини за запомнување и концентрација. Учениците активно учествуваа во дискусии, вежби и практични задачи кои им помогнаа да ги применат научените техники во своето секојдневно учење.
Педагогот и психологот им дадоа вредни совети за тоа како да се справуваат со стресот пред тестови, како да прават план за учење и како да ја одржуваат мотивацијата висока.
Овие работилници ја поттикна и самодовербата на учениците, како и желбата за постигнување успех.
психолог Бранка Бранковиќ
педагог Весна Рафеска
Интерактивна театарска претстава “Дедо Мраз, Стич и Енџел”
На 17.12.2025 год. учениците од I до V одд. ја следеа новогодишната интерактивна театарска
претстава “Дедо Мраз,Стич и Енџел”.
Поучна
приказна во која се говори за емпатијата, другарството, почитта,семејните
вредности, љубезноста и љубовта.
Цел: Поттикнување на детската фантазија, креативност и љубовта кон драмата и театарот. Проследена со голем интерес и воодушевување. Празници се ближат!
Краснопис
Учениците од VII в одд.учествуваа на натпревар по убаво пишување
–краснопис.
Библиотекарот им објасни за
значењето на краснописот и користење на правилните форми на буквите од
македонската кирилица.Натпреварувачите со својата креативности и имагинација ги
напишаа стиховите од песната ,,Книгата е извор ''од Никола Алтиев.
Тројца ученици со најдобро
напишани стихови се наградени.
Библиотекар Александра Милчева
Наша библиотека
Во училишната библиотека се одржа работилница со ученици од Пинтија за
библиотечниот фонд.
Учениците разгледуваа едукативни книги од кои можат да истражуваат нови теми и да развиваат нови вештини.
Библиотекар Александра Милчева
среда, 17. децембар 2025.
Заедно во новогодишната магија - Општина Кисела Вода
Нашето
училиште учествуваше во заедничко украсување на новогодишната елка пред Општина
Кисела Вода. Учениците, директорите и наставниците заедно ја украсуваа елката, создавајќи новогодишна
атмосфера и ширејќи радост во нашата заедница.
Честитки до сите кои учествуваа и ја направија
оваа активност посебна!
предметен наставник Татијана Георгиевски
Новогодишно украсување на училишниот двор
Со
доаѓањето на зимските празници, нашиот училишен двор заблеска во новогодишна
магија! Учениците се вклучија во украсување на дрвјата со шарени светилки,
украси и разни декорации.
Активноста
не само што ја збогати празничната атмосфера, туку и ги поттикна учениците на
креативност, тимска соработка и радост од заедничкото создавање.
Оваа
активност покажа дека празничниот дух не се мери само со светлото и боите, туку
и со заедништвото и насмевките што ги споделуваме со другите.
Да
ја прославиме зимата и да ја почувствуваме магијата на заедништвото!
уторак, 16. децембар 2025.
Еко велосипед – од идеја до реалност
Учениците
од петто одделение учествуваа во едукативно-креативна активност која ги
комбинираше безбедното возење велосипед со изработка од рециклирани материјали.
Преку
активноста, учениците:
Ги
научија деловите на велосипедот и правилата за безбедно возење
Креираа
уникатни вело додатоци и украси
Применуваа
принципи на рециклирање и одржливост
Зајакнаа
тимската работа и групната соработка
Дизајнираа
инспиративни вело објекти кои ја промовираат велосипедската култура
Наставници
и автори: Павлина Димовска, Светлана Жежовска, Вилма Влаховиќ, Кети Сталеска
Вело
Училишта ја спроведува својата годишна програма со поддршка од АМСМ – партнер
кој верува во безбедни улици и одговорни млади велосипедисти.
Засадување млади садници за поздрава животна средина
Денес нашето училиште беше дел од проектот на Општина Кисела Вода и
градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска „Засадување млади садници за
поздрава животна средина“.
Оваа акција не само што
придонесува за почиста и поздрава средина, туку и ги поттикнува учениците да се
вклучат активно во заштита на природата. Заедно создадовме зелена трага која ќе
ги инспирира идните генерации.
предметни наставници: Билјана
Наунова, Маја Димеска и Никола Соколовски
петак, 12. децембар 2025.
Учениците го украсија училишниот простор во подрачното училиште во Пинтија
Учениците од нашето училиште со многу ентузијазам и креативност го украсија внатрешниот простор на училиштето за претстојните новогодишни празници. Со помош на наставниците, тие изработија шарени украси, лампиони, и празнични детали кои го претворија холот и училниците во вистинска зимска бајка.
Оваа
активност им овозможи на учениците да ја развиваат својата креативност, да
работат во тим и да почувствуваат радост од создавањето на празнична атмосфера
во својот училиштен простор.
четвртак, 11. децембар 2025.
Посета на книжарницата „Литература.мк“ во Diamond Mall
Учениците од VIII - г одделение, заедно со класната раководителка Тина Пуфкова и училиштниот психолог Бранка Бранковиќ, ја посетија книжарницата „Литература.мк“ во Diamond Mall. На учениците им беше овозможено да присуствуваат на отворено предавање на тема „Читањето е супермоќ“, кое беше многу интересно и инспиративно.
Учениците активно учествуваа, поставуваа прашања и се запознаа со нови книги и автори. Посетата беше одлична можност за развивање на љубовта кон читањето и литературата, како и за стимулирање на креативноста и критичкото размислување.
предметен наставник Тина Пуфкова
психолог Бранка Бранковиќ
Отворен ден по граѓанско образование
Денес
по седми пат се одржа "Отворен ден по граѓанско образование", овој
пат на тема "Trash Fashion" -
Убавина со порака.
Целта
на настанот беше да се подигне еколошката свест кај младите, а со креациите кои
беа од пластика, хартија, стар текстил и метал, да се покаже дека отпадот
понекогаш може да биде ресурс, а не товар.
Свои
креации на ревијата носеа: Ива, Јана, Михаил, Теона, Јана С., Марија, Мила Ј. и
Мила К.
Предметен наставник Валентина Јанкоска
среда, 10. децембар 2025.
Реализирана работилница Родител во улога на наставник
На 09.12. во нашата училница во 4-д одд. имавме прекрасен гостин ...на гости ни дојде медицинска сестра која во улога на наставник ни ја приближи за момент нејзината професија.
Најпрво преку презентација не запозна со нејзината установа во која работи ЈЗУ Клиника за детска хирургија, објасни за секој оддел ,ни опиша како изгледа еден нејзин работен ден, со кои инструменти работи ,кој и е потребен прибор ...за да на крај секој еден ученик го облече во нејзината работна облека.
Колку само воодушевување имаше во очите на малите слушатели кај кои можеби ќе се побуди интерес за оваа благородна професија.
Слушнавме за добрите, но и за лошите страни , за безброј откажувања, но и за хуманоста која ја отсликува секој кој ја работи токму оваа професија.
Целта на оваа работилница беше запознавање со професијата, хуманоста, подигнување на свеста за сопственото здравје и побудување интерес за различен вид професии.
Огромна благодарност до родителот !
Одговорен наставник Елена Стојановска
уторак, 9. децембар 2025.
Едукативна работилница на тема ,,Повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици "
Денес
9 декември 2025 година во нашето училиште беше одржана едукативна
работилница на тема ,,Повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици
", како дел од проектот ,,Граѓански активизам за остварување на
циркуларна економија во управувањето со органски отпад", подржан од
Владата на Швајцарија во Македонија преку програмата Civica
Mobilitas.Работилницата беше организирана од Центар за ресурси во животна
средина- РЕЦ во соработка со Еко Логик и Флорозон-центар за еколошка
демократија. Беа вклучени ученици од 7,8 и 9 одд. од централното и подрачното
училиште и наставниците по биологија и хемија Билјана Наунова и Татијана
Георгиевски.
Работилницата
ја водеа експерти од ЈП ,,Дрисла" и експерт за животна средина.
Предавачите им презентираа на учениците важни информации за управување со
био-отпад и начини на негово преработување. Учениците имаа можност практично да
се запознаат со процесот на добивање биодизел од употребено масло, и изработка
на биопластика од лушпа од компир.Исто така учениците учествуваа во процесот на
екстракција на масло од семки од сусам и сончоглед. На овој начин, учениците
учеа како органските остатоци може да се пренаменат во корисни материјали.
предметни наставници Билјана Наунова и Татјана
Георгиевски
петак, 5. децембар 2025.
Нашето однесување зборува за нас
Учениците од VI одделение од подрачното училиште во Пинтија испратија силна порака преку креативната изработка на „Ѕидот на убавото однесување“. Преку заедничка активност, тие ги претставија вредностите кои го прават училиштето место на почит, разбирање и пријателство.
Секој збор, мисла и порака на ѕидот потсетуваат дека однесувањето е огледало на нашата личност и дека убавите постапки создаваат позитивна училишна клима. „Ѕидот на убавото однесување“ не е само украс, туку симбол на изборот да бидеме подобри едни кон други секој ден.
Со оваа активност која се реализираше под водство на училишниот психолог, учениците покажаа дека свесноста, емпатијата и меѓусебната поддршка се темел на здрава и безбедна училишна средина.
психолог Бранка Бранковиќ
Едукативни работилници за емоционален развој и критичко размислување
Во
текот на првото полугодие, училишниот педагог Весна Рафеска реализираше работилници насочени кон зајакнување на
емоционалната писменост и развивање на способноста за препознавање и
надминување на стереотипите и предрасудите.
Учениците
учествуваа во активности на теми: „Емоции“, „Надминување на мојот страв“, „Скршено срце“, „Јоно Око и Хај“, кои им помогнаа подобро да ги разберат своите
реакции, да ги идентификуваат изворите на одредени чувства и да научат
позитивни начини на справување.
Особен
акцент беше ставен на разбирањето како стереотипите и предрасудите се формираат
и како влијаат врз однесувањето и односите меѓу учениците. Преку дискусии и
интерактивни вежби, учениците развиваа емпатија и толеранција.
Овие активности значајно придонесоа за создавање побезбедна и поинклузивна училишна средина.
педагог Весна Рафеска
четвртак, 4. децембар 2025.
ИЗВЕШТАЈ од работилницата за Одбележување на „Светскиот ден на лицата со попреченост“ со интегрирање на олимписките вредности
На 3 Декември се одбележува „Светскиот ден на лицата со попреченост“.
Во знак на поддршка на овие лица нашето одделение 4-д заедно со своите другарчиња од 4-г организираа и реализираа работилница на тема „Сите сме различни, сите сме важни“.
Учениците имаа можност преку различни игри со маски на очите, играње одбојка со седење на столче, игри во парови, музичко ритмички чекорења на дадена песна, игра со балони ,игра во група, сложување сложувалки со зборови кои се важни за овие лица и на крај истакнување на целта преку слоганот .
Преку игрите се обидовме да ги доближиме и да ги увидиме кои се убавите, а кои лоши страни и всушност ги поттикна учениците за прифаќањето на различностите и почитувањето на потребите на децата со нарушување. Преку овие игри се обидовме да ги интегрираме олимписките вредности -пријателство, тимска работа, почит, извонредност во редовната наставна практика.
Со ова сметаме дека социјалното дистанцирање ќе заврши и дека од истото ќе ја научиме лекцијата, дека некој секојдневно е отфрлен, неприфатен од наша страна и дека конечно ќе ги научиме разликите дека СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН во нашиот „Шарен свет“.
Одговорен наставник: Елена Стојановска Валентина Димишковска
среда, 3. децембар 2025.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Денес 3 Декември - Меѓународниот ден на
лицата со попреченост, во нашето училиште го одбележавме со читање на пригоден
реферат. Потоа во чест на лицата со попреченост, со цел што повеќе да се
подигне свеста за нивните права, достоинство и потреби, се промовираше флаерот
со искуства и заклучоци кој произлезе од низата работилници реализирани од
училишниот дефектолог, во рамки на интерниот училишен проект „Убавините на различностите“. Се
промовираа и креативните изработки и збирката на творби од учениците на тема: „Убавините на различностите - Јас и ти различни, но совршен тим “ .
Секој ученик од нашето училиште беше
вклучен, на свој и единствен начин, во активностите со кои допринесовме да
имаме што поинклузивна средина со поголемо разбирање и емпатија кон овие лица.
Доколку
сакаш позитивни промени, започни од себе си!
Дефектолог (СЕР)
Адријана Кукоска
среда, 26. новембар 2025.
Обука -„Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“
На 25 ноември 2025 година беше реализирана професионална обука на тема „Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“, организирана во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Обуката имаше за цел да го зајакне професионалниот развој на наставниците преку интеграција на олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност – во редовната наставна практика.
Учесниците се запознаа со современи методи и пристапи за: применување на олимписки вредности во различни наставни предмети, развивање на позитивна ученичка култура, поттикнување на соработка, фер-плеј, почит и упорност кај учениците, осмислување активности со спортски и едукативен карактер.
Клучни содржини од обуката беа интерактивни техники за учење преку игра и спорт, интегрирање на олимписките вредности во наставни единици, методи за мотивирање на ученици преку практични примери од спортот, развивање на инклузивна училница и тимска култура.
Во наредниот период следува практична примена на стекнатите знаења преку работа со ученици.
Обуката се реализираше успешно и претставува значаен чекор во унапредувањето на наставната практика преку воведување на олимписките вредности како воспитно-образовен инструмент. Наставниците добија корисни техники кои ќе ги применат во наставата со цел да се поттикне позитивен развој на учениците и да се создаде средина исполнета со почит, соработка и стремеж кон извонредност.
Одговорни наставници: Татјана Трпеска, Јовица Ефтовски, Весна Рафеска,,Магдалена Бадарова,,Анета Макревска,,Елена Стојановска,,Валентина Димишковска,,Весна Милановска, Горан Петковиќ
уторак, 25. новембар 2025.
Да градиме пријателство и почит меѓу врсниците
Во училиштето учиме и како да се однесуваме кон другите. Важно е секој ученик да се чувствува прифатен и почитуван.
Од таа причина училишниот психолог
Бранка Бранковиќ одржа работилници со учениците од трето и четврто одделение.
Со дел од учениците од трето одделение се работеше на темата „Другарство и
почит“, додека со учениците од IV - б се
продлабочи истата тема, а со учениците од
IV - в беше одржана работилница на тема „Превенција на насилство“.
Учениците учеа како да зборуваат со љубезност, да слушаат едни со други, да
прифаќаат различности и да помагаат кога е потребно.
Таквите активности ни помагаат да
создадеме пријатна и безбедна атмосфера, каде секој ќе се чувствува среќно и
почитувано.
психолог Бранка Бранковиќ
Обука -„Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“
На 25
ноември 2025 година беше реализирана професионална обука на тема „Техники на
предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“, организирана во
соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Обуката имаше за цел да го
зајакне професионалниот развој на наставниците преку интеграција на олимписките
вредности – пријателство, почит
и извонредност – во редовната наставна практика.
Учесниците се запознаа со современи
методи и пристапи за: применување
на олимписки вредности во различни наставни предмети, развивање на позитивна ученичка
култура, поттикнување на
соработка, фер-плеј, почит и упорност кај учениците, осмислување активности со спортски
и едукативен карактер.
Клучни
содржини од обуката беа интерактивни
техники за учење преку игра и спорт, интегрирање на олимписките вредности во наставни
единици, методи
за мотивирање на ученици преку практични примери од спортот, развивање на инклузивна училница и
тимска култура.
Во
наредниот период следува практична примена на стекнатите знаења преку работа со
ученици.
Обуката се реализираше успешно и претставува значаен чекор во унапредувањето на наставната практика преку воведување на олимписките вредности како воспитно-образовен инструмент. Наставниците добија корисни техники кои ќе ги применат во наставата со цел да се поттикне позитивен развој на учениците и да се создаде средина исполнета со почит, соработка и стремеж кон извонредност.
Директор Татјана
Трпеска, педагог Весна Рафеска и наставници: Магдалена Бадарова, Анета
Макревска, Весна Милановска, Елена Стојановска, Валентина Димишковска, Јовица
Ефтовски и Горан Петковиќ
четвртак, 20. новембар 2025.
Одбележување на Светскиот ден на детето 20 Ноември
Денот на детето е датум кој се прославува секоја година во
чест на децата на национално ниво. Светскиот ден на детето се прославува на 20 ноември
за да ја одбележи Декларацијата за правата на детето донесена од Генералното собрание
на ОН на 20 ноември 1959 год.
Учениците од 4-д одд. симболично го одбележаа овој ден преку
низа активности во училница: изработуваа алки, рамки од различни материјали, усно се изразуваа на тема
Убаво е да си дете..., дуваа балони пееа песни и изведуваа ритмички чекорења на
истите.
Среќен ден наши најмили!
одделенски наставник Елена Стојановска




.jpg)



.jpg)
.jpg)
.jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)









.jpg)










.png)
.jpg)
.jpg)