петак, 30. новембар 2018.

МИО активност на час по француски јазик

На 29.11.2018 г., се одржа МИО активност на час по француски јазик со 7-б одделение. Часот беше реализиран во соработка со основното училиште ТЕФЕЈЈУЗ Tefeyyüz İptidai Okulu” од  Општина Чаир во огранизација на наставниците по француски јазик од двете училишта: Анета Ѓуровска - Арсовска (ООУ „Рајко Жинзифов“) и Магбуле Сезаир (ОУ„ТЕФЕЈЈУЗ“). Основното училиште Тефејуз постои уште од далечната 1884 и наставата се одвива на турски и албански јазик. Проектната активност беше реализирана преку конференциска врска на наставен македонски и турски јазик, а заедничко беше изучувањето на францускиот јазик. На часот присуствуваа и педагозите на двете училишта.


Нема коментара:

Постави коментар