петак, 16. новембар 2018.

УЧЕСТВО ВО МРТВ

   На 14.11.2018 год. среда нашето училиште зема активно учество во  образовно-рекреативната програма „Ѕвон“ на МРТВ .
   Оваа емисија има за цел да овозможи креативно и забавно претставување на училиштата.  Учесници беа учениците од I до IX одделение кои заедно со своите наставници подготвија и се претставија со квиз прашања, драматизации, музичко-ритмички точки како и сликање на тема „Сакам да бидам ѕвезда“. Изведбата на програмата беше на англиски и француски јазик.

    Носители на програмата беа наставниците по англиски јазик Магдалена Бадарова и Анета Макревска,  по француски јазик Анета Ѓуровска Арсовска и Тина Пуфкова како и одделенските наставници Елена Стојановска, Валентина Димишковска, Виолета Николин и Мануела Марковска.


Нема коментара:

Постави коментар