уторак, 20. новембар 2018.

Реализирани активности во рамки на проектот ,,Убавините на различностите“

Денес 20.11.2018 год. учениците од осмо и деветто одд. заедно со координаторот на проектот Адријана Кукоска ја посетија столарската работилница ДООЕЛ АС - ЛЕС ДИЗАЈН и цвеќара ЛОТУС со цел да се запознаат со различните професии, условите за работа , добивање идеја за креативни изработки.
Учениците во столарската работилница се запознаа со процесот на изработка на различен вид мебел се до готов производ . Со помош на сопственикот изработија дрвена кутија и кроеја парчиња потребни за реализирање на креативна работилница во училиште.
При посета на цвеќарата учениците имаа можност да изработат цветни аранжмани како мотив за нови идеи за самостојни изработки.

Координатор на проект

Адријана Кукоска


Нема коментара:

Постави коментар