четвртак, 1. новембар 2018.

"Училишна градина - училница на иднината"

 ООУ „Рајко Жинзифов“ потпиша Меморандум за соработка со „Слоу Фуд - Здружение за заштита, промоција и едукација за храна“ – Скопје со цел да опфати низа активности кои се од интерес и придобивки на двете страни од областа на едукација врз основа на проектот „Училишни градини - училница на иднината“. Проектот е одобрен и финансиран од Град Скопје .
Поле на соработка:
         -Водење на заедничка кампања
         -Обезбедување едукативен материјал за спроведување на програмата
         -Тренинг наставници
         -Координација при воспоставување на училишните градини

         Кампањата ја започнавме со презентација од страна на  претседателот на здружението Василка Стефановска која го запозна наставниот кадар со едукативната програма и проектот ,,Училишни градини - училница на иднината“ 

На 18.10.2018 г. беше спроведена првата работилница за засадување семенски материјал за расад во рамките на проектот "Училишна градина - училница на иднината", која се одржа во просториите на ООУ„Рајко Жинзифов“. Работилницата беше успешно спроведена. Учениците беа мотивирани, заинтересирани, со безброј прашања но и со доволно знаења за нивната возраст. Малку ги буена црвчињата и нивната позитивна улога во плодните почви. Се заинтересираа за улогата на бубамарите во заштитата на растенијата од вошките и многу други интересни теми. Многуте љубопитни очиња беа насочени кон Катерина, нашиот тренер на денешната работилница. Ни ветија дека ќе ги следат промените во нивните чашки и ќе нè известат штом проникнат и здогледаат светлост нивните растенија.

Нема коментара:

Постави коментар