На 14.10.2025,
во Граѓанскиот ресурсен центар, се одржа Еврогајднес конференција, организирана
од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, а поддржана
од ОУРЦ „Златан
Сремец“.
Од
нашето училиште ООУ "Рајко Жинзифов" присуствуваа дефектологот
Адријана Кукоска и психологот Бранка Бранковиќ, кои го следеа настанот и се
запознаа со најновите методи и ресурси за поддршка на учениците за кариерно
советување на ученици со посебни образовни потреби.
Оваа конференција беше одлична можност за размена на искуства, учење и јакнење на соработката помеѓу институциите кои работат со деца и ученици со посебни потреби.
дефектолог м-р Адријана Кукоска
психолог
Бранка Бранковиќ
.jpg)
Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.