петак, 17. октобар 2025.

Едукативна обука: „Сите сме тука, заедно – Развивање на емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување“

 

 На 17.10.2025 год. учениците од  V-б и  IV-г одделение имаа можност  да учествуваат во едукативна обука организирана од НВО САНО, со поддршка на Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на тема :„Сите сме тука, заедно – Развивање на  емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување“. Преку оваа обука кај  учениците се поттикна развивање на социо-емоционални  вештини и градење на култура на прифаќање и поддршка. Учениците  имаа можност да зборуваат што значат пријателството, грижата и разбирањето за соученици кои се на лекување и како сите заедно можат да понудат поддршка.

 На учениците им беше објаснето што претставува канцер, дека не е заразен и зошто е важно разбирањето и охрабрувањето.Учениците гледаа краток анимиран филм кој метафорично ја прикажува борбата со болеста.и дека љубовта и подршката се многу важни за полесно надминување на болеста. Учениците  научија  правила за прифаќање, охрабрување и вклучување на соученик кој е на лекување. На крајот на обуката, учениците добија насоки креативно да изразат поддршка преку цртеж, порака, песна или честитка.

 

одделенски наставник Светлана Жежовска





Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.