четвртак, 23. октобар 2025.

Реализираните активности за Детска недела, под мотото: ,,Детето денес - иднината утре!“ (6 -10 октомври 2025 год.)

 

По повод  детската  недела  под мотото:,, Детето денес-иднината утре!“ во нашето училиште на ниво на одделенска настава се реализираа бројни активности  во сите паралелки.

Одговорните наставници од актив второ одделение: Весна Милановска, Билјана Петровска и Мануела Маркоска, според програмата  изработија Флаер со предлог-активности за цела седмица и ги споделија со останатите колешки.

Понделник (6.10.2025год) беше резервиран за поделба на Флаерите и  теоретски дел, следење на презентација за ,,Правата на децата“ и неколку зборови за Конвенцијата за правата на децата. Учениците ја проследија изтата, поведовме дискусија и изработија соодветни илустрации.

Вторникот (7.10.2025год.) во прво и второ одделение беа реализирани активности со боење на боенки-илустрации за детските права и изработка на книга со правата на дететео.

Додека пак во трето, четврто и петто одделение се пишуваа литературни  песнички и литературни состави.

Среда (7.10.2015год.) беше ден посветен на спортот и се реализираа интересни игри, на кои учениците спортуваа, играа и се забавуваа.

Четврток (8.10.2025год.) се реализираа активности за изработка на Книги од личните творби  и пораки на учениците.

Петок (10.10.2025год.) се реализираше Свечена приредба од учениците од второ одделение за Свечен прием на првачињата во Детската организација. Учениците упатија убави пораки, ги кажаа своите детски права, им пееја ги забавуваа и им подарија Беџеви и Емотикон-Смајли со Заклетвата.

 

одделенски наставник  Мануела Маркоска







Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.