Со учениците од VI до IХ одделение го
одбележавме 15 октомври Меѓународниот ден на белиот стап, со пригодна
презентација преку која учениците се запознаа со значењето на белиот стап кое е
помагало кое им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат
со увереност, независност и еднакви можности. Учениците се запознаа и со
Брајовата азбука со активност преку која се ставија на местото на слепите лица.
Со работилницата им пративме порака на овие лица дека секогаш сме спремни да им дадеме поддршка, да ги прифатиме во ова наше општeство кое е еднакво за сите.
дефектолог м-р
Адријана Кукоска


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.