Ученици
од VI до IX одделение, учествуваа во работилницата за церебралната парализа,
реализирана од страна на училишниот дефектолог м-р Адријана Кукоска.
На
работилницата се зборуваше за тоа како лицата со церебрална парализа живеат, со
какви предизвици се соочуваат и како сите ние можеме да бидеме поддршка и
пријатели. Учениците активно учествуваа, поставуваа прашања и разменија
мислења, добија практични начини за емпатија, разбирање и инклузија во
секојдневниот живот.
Со
оваа активност се поттикнува свесноста дека секој човек заслужува почит, грижа
и прифаќање, и дека малите гестови на поддршка можат да направат голема
разлика.
дефектолог
м-р Адријана Кукоска


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.