Училишниот
дефектолог Адријана Кукоска и психологот Бранка Бранковиќ
организираа инспиративни
работилници со учениците од нашето училиште, со цел да го поттикнат развојот на
пријателство, соработка и позитивни навики.
Со VI – б одделение, учениците преку
работилницата „Цветот на пријателството“ учеа како да градат топли и вредни
врски со своите соученици, да се разбираат и да се почитуваат меѓусебно, а како
дел од активноста направија и кутија
за пријателство, каде имаат можност да ги запишуваат своите мисли, вредности и пораки
за другарството. Со
учениците од VII -
г одделение се обработуваше
темата „Несоодветно однесување“, при што учениците дискутираа за различни форми
на несоодветно однесување и научија стратегии за позитивно однесување. Како практичен
резултат, направија „Ѕид на убавото однесување“, каде ги истакнаа своите идеи и
добри примери на пријателско однесување.
Овие
активности се дел од континуираниот труд да се создаде поддржувачка, топла и
пријателска средина каде секој ученик може да се развива и да напредува.
дефектолог м-р Адријана Кукоска
психолог Бранка Бранковиќ
.jpg)
Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.