Во
нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ на 22.10.2025 год. се одржа едукативна работилница на
тема „Меѓуврсничко насилство“, реализирана од страна на психологот Бранка
Бранковиќ и дефектолог
Адријана Кукоска во
рамките на активностите на Ученичкиот парламент. Целта на работилницата беше
учениците да научат како да препознаат различни облици на насилство и како на
мирен начин да ги решаваат конфликтите.
Како дел од активностите, членовите на парламентот активно учествуваа во дискусијата и изработија кутии за анонимна пријава на насилство, кои ќе бидат поставени во централното и во подрачното училиште на соодветно место. Дополнително, на претседателите на паралелките од VI до IX одделение им беа споделени онлајн формулари за анонимна пријава на насилство, со што секој ученик ќе има можност на безбеден и доверлив начин да пријави насилство и преку интернет.
психолог Бранка Бранковиќ
дефектолог м-р Адријана Кукоска
.png)


.jpg)
.jpg)



