уторак, 05. март 2019.

Посета на Ботаничка градина и Зоолошкиот завод при ПМФ



Активност  -  „Родителот е наставник“
Проект - „Заедничка грижа за правилно насочување на  учениците“
   Согласно планираните активности од Проектот за заедничка грижа за правилно насочување на учениците, на покана на родителката Александра Ѓеорѓиевска, професор - ентомолог (проучувач на инсекти) на ПМФ, на 01.03.2019 год. учениците од 2-б одд. остварија посета на Ботаничката градина и Зоолошкиот завод при Институтот за биологија и хемија на Природно математичкиот факултет.
 Почнувајќи од  разгледување на градината  и запознавање со ендемичните видови на растенија и преку  работилницата  „На буквата ...на буквата“,  учениците се здобија со многу интересни факти за растенијата. Подоцна се премина на Институтот за хемија  каде што се запознавме со различни видови на карпи и со вулканската бомба, а потоа имавме кратко објаснување за екперименталните глувци, запознавање со лабараторијата за бактерии, разгледување на препарираните животни кои се поставени во холот на факултетот за да на крајот следи  предавање за бубачките и нивниот интересен начин на функционирање, како и кратко предавање за животните конзервирани во алкохол. Низ низа од кратки предавања  и практични вежби учениците со големо внимание и интерес ја проследија организираната  посета со богата специјална програма прилагодена за нивната возраст.
На крајот полни со знаење и стекнато ново искуство сите среќни и задоволни си заминавме со желба повторно да се вратиме.
За да се реализира успешно оваа активност  упатуваме ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до мама Сашка, мама Сандра, тато Борче и тато Тони!!!
БЛАГОДАРИМЕЕЕ !!!                                                                      
                                                            Одговорн наставник Елена Стојановска


Нема коментара:

Постави коментар