понедељак, 18. март 2019.

ДЕНОВИ НА УЧИЛИШТЕТО




ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ  НА  ДЕНОВИ  НА УЧИЛИШТЕТО ПОД МОТОТО
,,СЕКОГАШ ОД ПОЧЕТОК...

Денови на училиштето од 18.03 до 22.03. 2019 год

18.03.2019 (понеделник)
-Историски час посветен за животот и делото на нашиот Патрон - Рајко Жинзифов
Одг. наставници: Тони Петрушевски, Лена Крстева и Никола Станковиќ

-Литературен конкурс на тема:,,Секогаш од почеток...“ за учениците од II до IX одд.
Одг.наставници: Каролина Коларовска , Елена Ристеска, Весна Милановска и Даниела Костадинова

19.03.2019 (вторник)
-Ден на хуманоста
-Хуманитарна акција ,,Со љубов од Рајко“ за Тоше Илиевски - акција на Црвен крст
-Доделување на собрани парични средства на ученикот 3в одд. Никола Глигуровски  поради опожарување на куќата на неговото семејство
Одг. наставник: Горан Петковиќ и Билјана Шоклевска

 20.03.2019 (среда)
-Ликовна работилница МИМО со партнер училиште ,,Алија Авдовиќ“
Одг.наставници:Тим на МИМО

21.03.2019 (четврток)
-Ден на Еколошка акција на младите
-Меѓународен натпревар,,Кенгур“
Одг.наставници: Марина Спасевска, Виолета Павлеска, Ленче Танушевска

22.03. 2019 (петок) во 10 час.
-Доделување на дипломи на учениците кои имаат освоено I, II, III место на литературниот конкурс

-Спортски активности
-меѓуодделенски турнир во фудбал за предметна настава од 8:30 до 10:00 час
Одг.наставници: Јовица Ефтовски, Горан Андреевски и Маја Грнчиштанова
-меѓуодделенски игри без граници за учениците од одделенска настава од 10:00 до 11:30 час.
Одговорни: наставниците по одделенска настава






                           Како дел од активностите во ДЕНОВИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО денеска - 18. 03. 2019 г. беше реализиран историски час посветен на нашиот патрон Рајко Жинзифов.


                                                                     Живот и дејност
                 Рајко Жинзифов (15 февруари 1839 – 15 февруари 1877г.) е роден во Велес, во познато велешко семејство. Неговиот татко работел како учител во хеленизирани училишта и израснат под влијанието на грчкиот дух, тој му го дава на својот син грчкото име Ксенофон (на македонски Рајко).
        Основно училиште завршува во Велес, а подоцна му помага во учителската дејност на својот татко во Прилеп.  Во 1856г. се придружува на Димитар Миладинов во борбата за културна преродба на македонскиот народ. Токму затоа станува помошник-учител на Димитар Миладинов во Прилеп и Кукуш, каде што се залага за отстранување на грчкото влијание во училиштата. Во 1858г. ја напушта Македонија и заминува во Русија за да студира на Московскиот универзитет каде е под заштита на  Константин Миладинов, кој реално му ја отсликува студената руска атмосфера. Во овој период Жинзифов воспоставува врски со некои македонски студенти и зема активна работа во партијата на учениците од словенските региони под турска власт. Воодушевен од дејноста на браќата Миладиновци, Жинзифов започнува да ја пишува нивната биографија. По завршувањето на студиите, работи како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Во тој период ја издава својата единствена стихозбирка, а работи и на препеви од руски, украински и чешки јазик. Соработувал и со неколку бугарски весници: „Дунавска зора“, „Македонија“, „Слобода“ и др. каде што објавува дел од своите песни, а и свои статии, во кои остро се спротивставува на елинизацијата на македонскиот народ, со што го навлекол гневот на многумина.
          Последните години од својот живот, ги минува во бедни услови, како емигрант во Русија, каде што и згаснува неговиот живот, во 1877година. 

                                                                        Поетска активност

               Во текот на својот живот, објавил 39 песни во својата единствена стихозбирка, од кои најзначајни се: „Глас и „На Велигден Значаен е и како автор на првиот расказ во нашата литература со наслов: „На прошедба. Сепак, најзначајна трага во македонската книжевност остава со поемата „Крвава кошула“ издадена во 1870 во Романија. Во поемата се осудува турската тиранија и се опишува неподносливиот живот на нашиот народ под турско ропство. Поемата опишува вистински настан во кој една мајка откако Турците и го убиле единствениот син, ја донела неговата крвава кошула во град за да ја покаже на народот во црковниот двор.
        Со сета оваа своја активност: со борбата против грчката елинизација, со својата учителска дејност, со своите песни со патриотска и социјална тематика, со првиот расказ во македонската книжевност, како и со поемата „Крвава кошула“ Жинзифов оставил силен печат зад себе и светла трага во македонската книжевност од 19 век.
        Носители на активноста: Тони Петрушевски - наставник по историја и Никола Станковиќ - училишен библиотекар.

Нема коментара:

Постави коментар