петак, 22. март 2019.

Меѓународен натпревар по математика „Кенгур без граници-2019“


По повод Патрониот празник на нашето училиште на 21.03.2019г.  се одржа Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур без граници - 2019“. Натпреварот започна во 11.00 часот и траеше според пропишаното време од 75 минути. Истиот се одржа во просториите на централното училиште во н. Драчево и подрачното училиште во н. Пинтија. На натпреварот учествуваа од прво до четврто одделение  56 ученика, а од петто до девето одделение 17 ученика или вкупно 73 ученика.

Прва награда имаат освоено 5 ученика, втора награда 23 ученика, трета награда 18 ученика и 21 ученик имаат освоено пофалници. Честитки за сите ученици .
 Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур 2019“ се одржува секогаш на ист ден во цела Европа и на истиот активно учествуваат ученици од сите земји. Целта на овој натпревар е да се зголеми интересирањето за математиката и природните науки, да се зголеми степенот на логичкото размислување кај учениците, како и да се искорити стекнатото знење по математика.

     Одговорен наставник: Марина Станоеска и предметните наставници по математика







ЕКОЛОШКА  АКЦИЈА

          По повод одбележувањето на деновите на нашиот патрон Рајко Жинзифов, во планираните активности беше и еколошката активност. Учениците заедно со своите наставници го исчистија училишниот двор.


Учениците од одделенска настава од подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија  под водство на своите наставнички: Кристина Никчевска, Кети Сталеска, Билјана Шоклеска и Даниела Костадинова направија низа активности: средување на шкафовите во својата училница, пишување еколошки пораки, правење хамери за Екологија, драматизација за Екологија подготвена од учениците од второ одделение. 


Учениците од предметна настава учествуваа во чистење на училишниот двор. Кај сите овие еколошки активности преовладуваше заедничката цел: ДА ЈА ЧУВАМЕ И ЗАШТИТИМЕ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА! НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА!




Нема коментара:

Постави коментар