среда, 20. март 2019.

Заедничка активност со партнер училиштето ООУ„Алија Авдовиќ“- с. Батинци



Согласно годишното планирање за МИМО активностите, во рамките на деновите по повод  патрониот празник, денеска - 20. 03. 2019г., се реализираше ликовна работилница на тема „СЕКОГАШ ОД ПОЧЕТОК“. Во работилницата учествуваа вкупно 24 ученика од двете училишта, наставниците по ликовно образование и членовите на тимовите  за МИМО.  Целта на работилницата  беше меѓусебно запознавање на учениците, активно учество, меѓусебна соработка и комуникација, учење едни за други, развивање кохезија за групна  работа и доаѓање до заеднички продукт.
Пред почетокот на работилницата топло добредојде на гостите им посакаа учениците од четврто одделение со кореографијата на композицијата „Утро“ од композиторот Едвард Григ како мотив на ликовно изразување.


Учениците учесници во работилницата работеа  во групи, т.е. ликовно се изразуваа под мотото „Секогаш од почеток“. Работејќи во групи мешани по етнички состав  дојдоа до зеднички продукт изработен на хамер. Се изработија четири слики под истиот мотив, но со различни ликовни материјали и техника.


На крајот од работилницата учениците искажаа задоволство и на скромната закуска имаа можност за неформална комуникација за подобро запознавање и дружење.




Нема коментара:

Постави коментар