Интернационалниот натпревар FIRST LEGO League Challenge еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, во организација на Академијата за Роботика и Иновации.
Оваа година со поддршка на Општина Кисела Вода учество на натпреварувањето по едукативна роботика на тема „Истражување на океаните“ зема и нашето училиште кое за прв пат учествуваше на овој Интернационален натпревар и освои ТРЕТО место за Иновативен проект.
Трудот, посветеноста и тимската работа ни донесоа многу убави моменти исполнети со емоции и неизмерна среќа.
Тимот на нашето училиште го сочинуваа 9 (девет) ученици-Калина Коларовска (8a), Константин Димишковски (8a), Борјан Стаменкоски (8a), Филип Начов (8г), Никола Станоески (7a), Руби Костовска (8г), Андреј Станковски (8г), Ева Ѓорѓиевска (8б) и Јована Стојановска (8б) и двајца ментори- Маја Лошанска Тодоровска и Магдалена Бадарова.
Учениците во тимот беа поделени на конструктори, програмери, истражувачи, креатори на презентација. Најпрво учениците ги изработија Лего фигурите за мисиите. Програмерите истражуваа документација за работата на моторите и сензорите на роботот, документација за кодирање, планираа, го изработија роботот и го тестираа. Истражувачкиот дел од тимот ги истражувше океаните, избра актуелен проблем кој треба да се реши, бараше можни решенија на проблемот, ги избра најдобрите решенија и смисли стратегија за имплементација на истите. Беше изработена макета од стиропор и фигури од хартија и пластелин која визуелно го претставува проблемот и решенијата. 1.3.2025
Одговорни наставници:
Маја Лошанска Тодоровска
Магдалена Бадарова
Нема коментара:
Постави коментар