понедељак, 3. март 2025.

Извештај од реализирана работилница – Во овој убав свет има место за секој редок цвет

Учениците од IV б одделение го одбележаа 28 Февруари- Меѓународниот ден на лица со ретки болести и заедно со дефектологот Андријана Куковска учествуваа во работилница посветена на децата со ретки болести. Тие прво се запознаа дека во светот постојат околу 6000 видови ретки болести од кои 70 проценти од вкупниот број болни се деца. Исто така дознаа повеќе за ретката болест Дравет синдром од која боледува нивното другарче во одделението со цел да се развива свест, разбирање, љубов и емпатија за подршка на овие болни деца под мотото:,, ВО ОВОЈ УБАВ СВЕТ ИМА МЕСТО ЗА СЕКОЈ РЕДОК ЦВЕТ "

Одговорен наставник: Светлана Жежовска

Дефектолог: Андријана Куковска 









Нема коментара:

Постави коментар