понедељак, 24. март 2025.

21 Март Светски ден на Екологијата

Сите планирани еко-активности беа успешно реализирани со активна вклученост на учениците од предметна настава од 6-9одд . Преку креативни задачи, средување на училишниот простор и еко-акции, сите учесници покажаа посветеност кон зачувување на природата и развивање на еколошката свест.

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ПО ДЕНОВИ

ДЕН 1 (среда 19.03.2025) – Креативни еко-пораки и уредување на еко-пано

√Учениците изработија еко-песни, пароли и пораки за заштита на природата.

√Изработено е еко-пано со креативните творби на учениците.

√Учениците научија како преку уметност можат да ја изразат својата љубов кон природата.

ДЕН 2 (четврток20.03.2025) – Средување на холот, садење растенија и креативни работилници

√Учениците учествуваа во чистење и уредување на училишниот хол.

Поставени се нови постери со еко-пораки и природни мотиви.

√ Засадени се нови цвеќиња и освежени се постоечките растенија во холот.

√ Организирани креативни работилници за изработка на предмети од рециклирани материјали (цветови од хартија, пластични шишиња, пластични цевки,стаклени вазни тегли, масичка од картонска кутија обложена со искористена украсна хартија и итн).

√ Холoт доби нов еко-изглед, што дополнително ги мотивира учениците за грижа кон природата.

ДЕН 3 (петок21.03.2025) – Чистење на училишниот двор

√ Учениците беа поделени во тимови за чистење на различни делови од дворот.

√ Селектиран е отпадот за рециклирање (пластика, хартија и стакло).

Оваа иницијатива нека служи како поттик за идни еко-акции кои ќе продолжат да го унапредуваат училишниот амбиент и свеста за екологијата.

Благодарност до сите наставници и ученици кои учествуваа во активностите!

Датум: 21.03.2025

Подготвил: предметен наставник по Биологија Билјана Наунова






Нема коментара:

Постави коментар