Светскиот ден на математиката се одбележува секоја година на 14 март, како почит кон математиката и нејзината улога во секојдневниот живот. Овој ден ни дава можност да ја прославиме силата на бројките и формулите, кои не само што ја обликуваат науката, туку и ја дефинираат технологијата, инженерството, економијата и многу други области. Математиката е јазикот што ги обединува сите дисциплини и нуди решенија за глобални предизвици.
Во рамките на активот на природната и општествената група, Светскиот ден на математиката беше одбележан во организација на наставниците Марина Станоеска и Љуба Мишевска. На настанот учествуваа ученици од VIIб и VIв одделение, кои со ентузијазам ја покажаа својата љубов кон оваа важна дисциплина. Заедно, на овој ден, го поттикнавме интересот за математиката кај сите генерации и ја славевме нејзината бескрајна убавина и важност.
Ученичката Лејла Рушид од VIв одделение ја прочита својата лична творба на македонски и турски јазик. Овој настан се одржа пред учениците и нивните одделенски раководители од Va, Vб и Vв одд. Бидејќи истовремено беше и светски ден на питата, ги почестивме учениците со парче пита.
Одговорни наставници : Марина Станоеска и Љуба Мишевска
Нема коментара:
Постави коментар