понедељак, 24. март 2025.

ИЗВЕШТАЈ ЗА ДЕНОВИТЕ НА ЕКОЛОГИЈАТА

Во рамките на годишната програма за активности и како дел од еко-проектот во нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ нас. Драчево и подрачното училиште во Пинтија, во текот на месецот Март се реализираа Деновите на екологијата со цел подигнување на еколошката свест кај учениците и нивно активно вклучување во зачувување на животната средина.

Цели на активностите

RПоттикнување на еколошка свест и одговорност кај учениците. RПромовирање на еко-навики за почиста средина. RПоттикнување на тимска работа и ученичка иницијатива. RПодобрување на естетиката на училишниот двор и околината.

Реализирани активности по денови:

ДЕН 1 (среда 19.03.2025) – Креативни еко-пораки и уредување на еко-пано

√Учениците  изработија еко-песни,цртежи, пароли и пораки за заштита на природата.

√Изработено е еко-пано со креативните творби на учениците на тема екологија

√Учениците научија како преку уметност можат да ја изразат својата љубов кон природата.

ДЕН 2 (четврток 20.03.2025) – Средување на холот, садење растенија и креативни работилници

 √Учениците учествуваа во чистење и уредување на училишниот хол.

 Поставени се нови постери со еко-пораки и природни мотиви.

√ Засадени се нови цвеќиња и освежени се постоечките растенија во холот.

√ Организирани креативни работилници за изработка на предмети од рециклирани материјали (цветови од хартија, пластични шишиња, пластични цевки,стаклени вазни тегли, масичка од картонска кутија обложена со искористена украсна хартија и итн).

√ Холoт доби нов еко-изглед, што дополнително ги мотивира учениците за грижа кон природата.

ДЕН 3 (петок 21.03.2025)– Чистење на училишниот двор

√ Учениците заедно со наставниците  беа поделени во тимови за чистење на различни делови од дворот

√ Селектиран е отпадот за рециклирање (пластика, хартија и стакло).

Оваа иницијатива нека служи како поттик за идни еко-акции кои ќе продолжат да го унапредуваат училишниот амбиент и свеста за екологијата.

Деновите на екологијата беа успешно реализирани со активно учество на учениците, наставниците и училишната заедница. Активностите придонесоа за зголемување на свеста за заштита на животната средина и поттикнаа ученичка иницијатива за одржување на чиста и здрава околина.

За наредната година, предлагаме воведување на уште повеќе интерактивни активности како училишен еко-саем, истражувачки проекти и соработка со локални еколошки организации.

Координатор на еколошките активности

(Билјана Наунова предметен наставник по Биологија)

Директор

(Доц. Д-р Горанчо Јакимов)









Нема коментара:

Постави коментар