понедељак, 31. март 2025.

Извештај за реализираните активности по повод патрониот празник

По повод патрониот празник на нашето училиште се реализараа различни активности во период од 24ти до 28ми Март 2025 година..

На 24ти март беше прочитан текст на одделенските часово  за патронот Рајко Жинзифов.

На 25ти март – спортски ден,  беа одиграни меѓуодделенски натпревари во фудбал, кошарка и одбојка во централното и подрачното училиште.

На 26ти март – учениците имаа литературно читање и драматизација на народната приказна “Кривина и Правина”.

 Исто така беше реализирана и проектна активност по предметот историја  – “Рајко Жинзифов и други македонски преродбеници”.

На 27ми март  се реализираше ликовно творење на тема “Заедно го градиме нашето гнездо”.

На 28ми март свечено беше откриена спомен плочата на Рајко Жинзифов и беа доделени дипломи, пофалници и сертификати на наградените ученици од литературниот и ликовниот конкурс, како и од лего натпреварот и меѓународната  олимпијадата по англиски јазик.


Тим за јавна и културна дејност

Одговорен наставник –Александра Колевска









четвртак, 27. март 2025.

Македонските преродбеници создавачи на нашето гнездо

По повод неделата на одбележување на Патрониот празник на нашето училиште денес Среда (26.III.2025) со ученици од 8б и 8г одделение се одржа проектна активност. Во согласност со нашето мото оваа година: “Заедно го градиме нашето гнездо” активноста беше замислена и насловена: ”Македонските преродбеници создавачи на нашето гнездо”. Со активноста на креативен начин на хамер се претставени Рајко Жинзифов и други значајни македонски преродбеници. Освен автентични слики од личностите, нивните дела, цртежи, и текстуални информации новина оваа година беше и употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во делот на реконструкција во боја (можен замислен изглед) на претставените македонски преродбеници.

Одговорен наставник : Димитар Чоковски




понедељак, 24. март 2025.

ИЗВЕШТАЈ ЗА ДЕНОВИТЕ НА ЕКОЛОГИЈАТА

Во рамките на годишната програма за активности и како дел од еко-проектот во нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ нас. Драчево и подрачното училиште во Пинтија, во текот на месецот Март се реализираа Деновите на екологијата со цел подигнување на еколошката свест кај учениците и нивно активно вклучување во зачувување на животната средина.

Цели на активностите

RПоттикнување на еколошка свест и одговорност кај учениците. RПромовирање на еко-навики за почиста средина. RПоттикнување на тимска работа и ученичка иницијатива. RПодобрување на естетиката на училишниот двор и околината.

Реализирани активности по денови:

ДЕН 1 (среда 19.03.2025) – Креативни еко-пораки и уредување на еко-пано

√Учениците  изработија еко-песни,цртежи, пароли и пораки за заштита на природата.

√Изработено е еко-пано со креативните творби на учениците на тема екологија

√Учениците научија како преку уметност можат да ја изразат својата љубов кон природата.

ДЕН 2 (четврток 20.03.2025) – Средување на холот, садење растенија и креативни работилници

 √Учениците учествуваа во чистење и уредување на училишниот хол.

 Поставени се нови постери со еко-пораки и природни мотиви.

√ Засадени се нови цвеќиња и освежени се постоечките растенија во холот.

√ Организирани креативни работилници за изработка на предмети од рециклирани материјали (цветови од хартија, пластични шишиња, пластични цевки,стаклени вазни тегли, масичка од картонска кутија обложена со искористена украсна хартија и итн).

√ Холoт доби нов еко-изглед, што дополнително ги мотивира учениците за грижа кон природата.

ДЕН 3 (петок 21.03.2025)– Чистење на училишниот двор

√ Учениците заедно со наставниците  беа поделени во тимови за чистење на различни делови од дворот

√ Селектиран е отпадот за рециклирање (пластика, хартија и стакло).

Оваа иницијатива нека служи како поттик за идни еко-акции кои ќе продолжат да го унапредуваат училишниот амбиент и свеста за екологијата.

Деновите на екологијата беа успешно реализирани со активно учество на учениците, наставниците и училишната заедница. Активностите придонесоа за зголемување на свеста за заштита на животната средина и поттикнаа ученичка иницијатива за одржување на чиста и здрава околина.

За наредната година, предлагаме воведување на уште повеќе интерактивни активности како училишен еко-саем, истражувачки проекти и соработка со локални еколошки организации.

Координатор на еколошките активности

(Билјана Наунова предметен наставник по Биологија)

Директор

(Доц. Д-р Горанчо Јакимов)









понедељак, 17. март 2025.

Посета на Меѓународниот аеродром Скопје

Во рамките на наставата по општество "Видови сообраќај", денес учениците од 3а, 3б и 3в беа во посета на Меѓународниот аеродром Скопје. Учениците се запознаа со работата на аеродромот и вработените, како и со правилата при патување со авион. Заминавме среќни, задоволни со желба за повеќе вакви и слични посети во иднина.  Поминавме прекрасен ден. Благодариме на родител Јасна Рушид.
                                    одд, наставник: Лукровска Софија







понедељак, 3. март 2025.

Интернационален натпревар FIRST LEGO League Challenge

Интернационалниот натпревар FIRST LEGO League Challenge еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, во организација на   Академијата за Роботика и Иновации. 

Оваа година со поддршка на Општина Кисела Вода учество на натпреварувањето по едукативна роботика на тема „Истражување на океаните“ зема и нашето училиште кое за прв пат учествуваше на овој Интернационален натпревар и освои ТРЕТО место за Иновативен проект. 

 Трудот, посветеноста и тимската работа ни донесоа многу убави моменти исполнети со емоции и неизмерна среќа. 

Тимот на нашето училиште го сочинуваа 9 (девет) ученици-Калина Коларовска (8a), Константин Димишковски (8a), Борјан Стаменкоски (8a), Филип Начов (8г), Никола Станоески (7a), Руби Костовска (8г), Андреј Станковски (8г), Ева  Ѓорѓиевска (8б) и Јована Стојановска (8б) и двајца ментори- Маја Лошанска Тодоровска и Магдалена Бадарова.

Учениците во тимот беа поделени на конструктори, програмери, истражувачи, креатори на презентација.  Најпрво учениците ги изработија  Лего фигурите за мисиите. Програмерите истражуваа документација за работата на моторите и сензорите на роботот, документација за кодирање, планираа, го изработија роботот и го тестираа. Истражувачкиот дел од тимот ги истражувше океаните, избра актуелен проблем кој треба да се реши, бараше можни решенија на проблемот, ги избра најдобрите решенија и смисли стратегија за имплементација на истите. Беше изработена макета од стиропор и фигури од хартија и пластелин која визуелно го претставува проблемот и решенијата. 1.3.2025                                                                            

Одговорни наставници:

Маја Лошанска Тодоровска

Магдалена Бадарова





Одбележување на 28 февруари СВЕТСКИОТ ДЕН НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ

Со учениците од IV-б одделение го одбележавме Светскиот ден на лицата со ретки болести. Имавме пригодна работилница посветена на лицата со ретки болести во која учениците се запознаа дека во светот постојат околу 6000 видови ретки болести од кои 70 проценти од вкупниот број се деца. Учениците дознаа повеќе за Дравет синдромот од кој боледува нивниот соученик, со цел да развиеме што поглема емпатија, свест, разбирање, љубов, поддршка кон овие лица под мотото: 

„ВО ОВОЈ УБАВ СВЕТ ИМА МЕСТО ЗА СЕКОЈ РЕДОК ЦВЕТ“.


Одговорни: 

Светлана Жежовска 

м-р Адријана Кукоска



недеља, 2. март 2025.

,,Денот на мајчиниот јазик - 21 Февруари“

Нашите ученици под водство на своите ментори, со учество на општинскиот конкурс по повод Денот на мајчиниот јазик – 21 февруари, на тема,,Јазикот како чувар на националното богатство“, беа наградени за своите творби и тоа : 

Ликовни творби:
Прво место  ученик Михаела Трпеска  VI  одделение - ментор Даниел Манасиев
Трето место ученик Ирина Рајковска  VI  одделение - ментор Даниел Манасиев
Трето место ученик Јаков Колевски III одделение -  ментор Софија Лукровска
Литературни творби:
Прво место ученик Никола Арсовски  IX  одделение – ментор Каролина Коларовска
Трето место ученик Иван Колигов VI  одделение – ментор Љупка Мишевска
Трето место Војдан Коларовски  V  одделение – ментор Татјана Трпеска
  Свеченото доделување на дипломите како  и книга потпишана од Градоначалникот, беше во големата сала во општина Кисела Вода. На свеченото доделување беа присутни и директорот на нашето училиште Горанчо Јакимов, сите ментори на нашите ученици, претставници од општината,  како и голем број присутни гости. 
На нашите ученици им ги честитаме наградите и им посакуваме уште многу нови признанија и награди во иднина. Честитки до сите, да се множат наградите   и успесите .









Општински натпревар по географија

Нашето училиште учествуваше на општинскиот натпревар по географија и беше преставено со следниве ученици -
1.Марија Змејковски 7а
2.Милица Тасевска 7б
3. Горазд Ѓоргиевски 7б
4.Андреј Тасевски 8а
5.Иван Велигденов 8б
6.Милош Милошевски 8б
7. Михаил Ѓурчиновски 9а
Ученикот Иван Велигденов 8б на општинскиот натпревар по географија има 85 бода,со овој резултат е пласиран на трето место во рамки на општината Кисела Вода.Да му посакаме добар резултат на регионалниот натпревар 22.03.2025 година .

Одговорен наставник Горан Петковиќ