уторак, 05. фебруар 2019.

Училишен натпревар по англиски јазик

На 30. 01. 2019 година во нашето училиште се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од V до IX одделение. Натпреварот беше организиран од страна на предметните наставници и ментори на учениците: Анета Макревска, Магдалена Бадарова,  Маја Димеска и Александра Величковска. Земаа учество 54 ученика од кои најдобрите  двајца ученици од секоја генерација продолжуваат на општинскиот натпревар кој ќе се одржи во март.
V одделение: Ивона Радеска Vг одд. прво место, Јана Стамкова Vг одд.  второ место
VI одделение: Леа Петрушевска VIа одд. прво место, Матеј Јаневски VIа одд. второ место
VII одделение: Леонтина КостовскаVIIг одд. прво место, Анастасија Манчевска VIIб одд.  второ место
VIII одделение: Никола Анчевска VIIIа одд. прво место, Ема Тутиќ VIIIа одд. второ место

IX одделение: Даниел Барбаров IXа одд. прво место, Ева Карамановска IXб одд. второ место




Проект „Да ти можеш“



На 12.02.2019 наставниците Мишевска Љуба и Стојановска Катерина беа на еднодневна обука на пилот проект „Да ти можеш“, во организација на Министерството за образование и култура. Обуката се одржа во основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода во која учествуваа сите основни училишта од Скопје. На предавањето беа презентирани седум лекции, кои истите требаше да ги пренесат одделенските раководители на 8-а, и 8-б одд, во соработка со одделенските наставници од 5-а, и 5-б одд. во своето матично училиште. Носители на проектната активност се обучените наставници, а наставниците од 5 одд. се само посредници (Маркоска Мануела и Маја Атанасовска). Проектните активности започнаа на 18.02.2019 год. на одделенските часови, лекциите се реализираа континуирано,  пропратно со одржување на три менторски средби меѓу паровите на ученици од 8-а - 5-а и 8-б - 5-б одд. Повозрасните ученици (ментори) им ги пренесуваа своите знаења на помалите ученици стекнати  на предавањето од својот одд. раководител. Интересот на учениците беше навистина голем  и интересен, имаше одлична соработка  на обострано задоволство. Проектната активност е веќе во својата завршна фаза. 


Нема коментара:

Постави коментар