понедељак, 17. септембар 2018.

Национална акција за чистење на отпадот

   На 15.9.2018 година  беше реализирана еколошка акција во нашето училиште согласно со Националната акција за чистење на отпадот. Во нашето училиште беа организирани низа активности  од страна на учениците членови во Еколошката секција во која се вклучени ученици од одделденска и предметна настава. Тие го исчистија училишниот двор од отпадоци, ги собраа првите паднати есенски листови и ги поттикнуваа другите ученици да го следат нивниот пример за да се развива колективно еколошката свест во училиштето. Акцијата траеше околу еден час и училишниот двор беше успешно исчистен од отпадоци и листови и стана прекрасна чиста зелена средина во која ќе го поминуваат своето слободно време учениците од нашето училиште. Како и секоја година така и оваа година овој ден на големо задоволство на учениците успешно беше реализиран и одбележан.
Одговорни наставници: Светлана Жежовска –одделенски наставник, Љубица Наумова –предметен наставник


Основно подрачно училиште:„Рајко Жинзифов“ – н.Пинтија, Кисела Вода

По повод националната акција за чистење на отпадот нашето училиште по примерот на многу светски земји кои денес се вклучени во оваа акција,спроведе еколошка акција за чистење на отпадот. Во акцијата земаа учество ученици од сите класови од нашето подрачно училиште кои го исчистија отпадот од училишниот двор, паркот со зеленило и училишната околина. Се надеваме дека со оваа еколошка акција ќе ја подигнеме свеста и одговорноста кај идните наши генерации како треба да се однесуваат кон природата и да се грижат за нашата планета Земја.

Нема коментара:

Постави коментар