среда, 21. март 2018.

ПАКОМАК СЕЛЕКТИРАЈ ИДНИНА

Претстава „ХОКУС ПОКУС  - РЕЦИКЛИРАЊЕТО Е ВО ФОКУС“


      Денеска, 21.03.2018 година во нашето училиште, као и во подрачното училиште во н. Пинтија, гостуваше Екомагионичарот Кристиан Шопов со 45-минутно магионичарско шоу. Претставата беше исполнета со 15-тина трикови, проследени со музика и реквизити со цел децата од 6 до 10 години да научат како да ја практикуваат 3-Р програмата (Рециклирање, Реупотребување и Редуцирање). Преку активна анимација на децата, со примери во триковите и со важни пораки за зачувување на животната средина екомагионичарот К. Шопов приреди магично шоу кое ни едно дете не го остави рамнодушно.




Нема коментара:

Постави коментар