уторак, 6. март 2018.

Општинскиот натпревар по математика на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов” одржан на 24. 02. 2018г.

На 24.02.2018г. се одржа општинскиот натпревар по математика на учениците од 4-то до 9-то одделение од основно образование во ОУ„Партенија Зографски“-Кисела Вода.
На ниво на  четвртите одделеније  учествуваа   ученици од  IV–б и од IV одделение: Миа Јаневска IV–б одд., Марко Маркоски IV–б одд.:ментор Мануела Маркоска  и  Јана Мирчевска од IV-г одд.:ментор Даниела Костадинова.

На натпреварот како тестатор од нашето училиште за одделенска настава беше одделенскиот наставник Мануела Маркоска.
Нашето училиште учествуваше со 19 ученици, од кои Дамјан Георгиевски од 9-г одд. освои втора награда, а 8 ученика беа пофалени. Право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 31.03.2018г. имаат 13 ученика (ученици кои освоиле 30 и повеќе од 30 поени на општинскиот натпревар).
       Регионалниот натпревар на учениците од основно образование ќе се одржи на 31.03. 2018г. со почеток во 09:00 часот и со времетраење од 150 минути.
Училиште домаќин:  ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково
       На натпреварот ќе бидат дадени 5 задачи кои ќе се вреднуваат со вкупно 100  бода.


Актив на математичари при ООУ „Рајко Жинзифов“

Нема коментара:

Постави коментар