уторак, 21. новембар 2017.

СОРАБОТКА СО МТВ - ,,Изработки од хартија“

      Нашето училиште, односно учениците од IVа, IVб,  IVв и IIIв одделение добија покана од МТВ и Редакцијата за образовна програма, поточно  Радмила Гиевска, за снимање на образовни прилози  кои ќе се изработуваат од хартија- ,,Изработки од хартија“.
      Поканата со задоволство беше прифатена, беше информирана директорката и се премина кон подготовки за реализациа на оваа емисија.
      Одделенските  наставници имаа задача да го подготват  текстот кој што ќе го кажуваат учениците. Истиот беше поделен во три фази-ученици кои ќе го откријат поимот со една гатанка, потоа втората група ученици го  набројуваат  потребниот материјал кој ни е потребен за работа и на крај  третата група зборуваат за начинот-постапката за  изработка  на хартиените предмети. Подготовките течеа скоро две седмици, учениците се подготвија и на 9., 10. и 17.11.2017год. истите активности беа снимени во сопствените училници од паралелките. Со задоволство беше пречекана екипата од МТВ (тонец, светло, камерман и Радмила Гиевска). Учениците со голема возбуда ја  реализираа  оваа активност што навистина беше уште едно големо искуство и за нив, како да се однесуваат пред камера.
        На крај се заблагодаривме за укажаното внимание и се поздравивме со желба за повторна соработка.

                                                          Одговорни наставници:

Мануела Маркоска и Виолета Николин 






Учество на Конференцијата „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“

Директорот на училиштето Елизабета Славковска и дефектологот Адријана Кукоска учествуваа на Конференцијата „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ која се одржа на 01.11.2017г. од 10 часот во Музеј на македонската борба- Скопје. Конференцијата беше организирана од страна на Македонското научно здружение за аутизам во рамките на нивниот проект ESSP (еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство).
Оваа конференција имаше за цел подигнување на свеста за важноста за образованието на родителите на деца со аутизам и беше споделена работата и постигнувањето на ова поле од страна на домашни и странски експерти во овој домен кои воедно се и во ист проект-ESSP.
Свои предавања на семинарот имаа истакнати имиња и тоа:
-Проф. д-р Владимир Трајковски-Претседател на Македонско научно здружение за аутизам
-Зоран Гиев- родител на дете со аутизам
ТЕМА Перспектива од страна на македонските родители.
-Дејвид Прис- универзитетски професор од Нортхемптом
ТЕМА Проектот Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство
-Рон Фортуна-Таргет Аутизам
ТЕМА Позитивни пристапи-вовед во едукациската програма за родители
-Јулија Хардкасл-Аутизам Концерн
ТЕМА соработка помеѓу родителите
-Ангела Капер и Филип Јуроски
ТЕМА примери за позитивни пристапи-разбирање и спаравување со предизвикувашко однесување
-Јасмина Трошанска, Сања Агила Муноз, Нефи Дарден
ТЕМА Влијание на ESSIP прoграмата на семејствата.
По регистрацијата на учесниците на конференцијата, започнаа предавањата меѓу кои имаше две паузи, на крајот беа доделени сертификати за потврда на присуството.

                                                                         Дефектолог Адријана Кукоска



Нема коментара:

Постави коментар