среда, 1. новембар 2017.

„Едукација за орално здравје на училишни деца“


Едукативна презентација
„Едукација за орално здравје на училишни деца“

Нашето училиште оваа учебна година имаше чест да биде вклучено во проектот на Министерството за здравство и ОРБИТ- „Национална стратегија за превенција за орални заболувања  кај деца од 0 до 14 години“. За таа цел на 27.10.2017г. со учениците од четврто одделение се реализираше едукативна  интерактивна презентација на тема „Едукација за орално здравје на училишни деца“. Едукативната работилница ја реализираа членовите на координативното тело, а присутни беа учениците од четврто одделение, одделенските наставници, психологот, педагогот на училиштето, како и директорот кој ги поздрави ваквите активности и посака плодна соработка и во иднина.
Учениците на еден непосреден начин преку модел на орална празнина  имаа можност да се запознаат со градбата и функцијата на оралната празнина. Беше посочено дека  со редовна хигиена и правилна исхрана секогаш ќе имаат сигурна насмевка. Секој ученик доби и по една едукативна сликовница за значењето на оралната празнина за целокупното здравје на човекот.
                                                                                       Училишен педагог
                                                                                 Весна Рафеска


Нема коментара:

Постави коментар