субота, 11. новембар 2017.

Промоција на книгата ,,Момчето на дождот“ од Ана Маркоска


На  25.10.2017г. (среда) во 12:00ч.  во Домот на градежниците - „Кочо Рацин“ во Скопје, беше промовирана книгата ,,Момчето на дождот“,  а нејзин  промотор беше писателот  за деца,  Горјан Петрески. Неколку ученици  од VIII-б одд,  III-в и од IV-б заедно со нивните наставнички Љубица Мишевска, Мануела Маркоска и Виолета Николин, беа поканети да присуствуваат на овој настан.
На промоцијата  беа прочитани дел од поетските творби на младата писателка, а учениците со задоволство слушаа. Се поведе дискусија, имаше интеракција со публиката, а најмалите посетители ѝ поставија прашања на писателката:
-„Што ѝ е најчеста инспирација за пишување?“,
-„Дали навистина се вљубила?“,
 -„Ликовите се измислени или навистина постојат во нејзиниот живот?“,...
 Промоцијата беше збогатена со изведби  на млада виолинистка. На крај имаше  позитивни коментари од присутните наставници, новинари, писатели, родители  и соученици.

После промоцијата имавме можност да си ја купиме книгата за во нашиата  лична  библиотека.


Нема коментара:

Постави коментар