понедељак, 26. јануар 2026.

ООУ „Рајко Жинзифов“ доби грант!

 

    По објавениот јавен повик за доделување на средства на основните училишта за реализација на активности од програмите за насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување на дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програма за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, нашето училиште аплицираше и во јануари 2026 година доби грант наменет за превенција и справување со врсничко насилство. 

      Нашето училиштето е едно од осумнаесетте училишта во Македонија и единственото училиште во Општина Кисела Вода кое доби грант. Целта е унапредување на безбедната и поддржувачка училишна средина. Во рамките на овој проект ќе се реализираат низа едукативни и интерактивни активности и работилници насочени кон подигнување на свеста кај учениците за значењето на меѓусебното почитување, емпатијата и асертивната комуникација.

      Согласно акцискиот план за проектот, планирано е активностите да се спроведат во текот на второто полугодие во учебната 2025/2026 година.  Како завршниот продукт на овој проект, на заврниот настан за проектот ќе биде промовирана музичка изведба, компонирана од предметниот наставник по музичко образование Даме Коларовски во која ќе учествуваат учениците од нашето училиште. Исто така, во рамките на завршната активност нашите ученици ќе учествуваат и во форум театар. Преку работилници, групни дискусии и заеднички активности, учениците ќе имаат можност да развијат социјални вештини, да научат како да препознаат различни форми на насилство и како соодветно да реагираат во одредени ситуации.

      Проектот има за цел да придонесе кон создавање позитивна инклузивна училишна клима, конструктивно решавање на конфликти и поттикнување на активна улога на учениците во градењето средина без насилство

среда, 31. децембар 2025.

ПРОЕКТ „УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ“

 

Во текот на првото полугодие во учебната 2025/2026 година стручните соработници училишниот педагог, психолог и дефектолог реализираа  работилници на теми поврзани со ментално здравје на младите.

              Проектот за ментално здравје има за цел да ја подигне свесноста за важноста на психолошката благосостојба кај учениците и да создаде поддржувачка, безбедна и поттикнувачка училишна средина.

  Преку едукативни активности, работилници и индивидуални разговори, проектот овозможува рано препознавање на потешкотиите, развивање здрави стратегии за справување и јакнење на емоционалната резилиентност.

  Главната цел е учениците да се чувствуваат слушнати, разбрани и охрабрени, како и да стекнат практични вештини за регулирање на емоции, градење самодоверба и подобрување на меѓучовечки односи. Во овие работилници учествуваа вкупно 487 ученика од I до IX одделение. 

 

педагог Весна Рафеска

психолог Бранка Бранковиќ 

дефектолог Адријана Кукоска

 


Интерен училишен проект „Убавините на различностите“

 

Во текот на првото полугодие од учебната 2025-2026 година училишниот дефектолог го реализираше интерниот училишен проект „Убавините  на  различностите“ чија цел има поддршка на   учениците со различни можности, способности и различна етничка припадност, подигнување на свеста кај учениците  за прифаќање на различностите и надминување на присутните предрасуди и стереотипи, формирање на Училишен центар за почитување на различностите кој ќе работи во училиштето и пошироката локална средина за што поголема инклузивност.

Се формираше тим  на наставници и се определија задолженијата и договор за понатамошните активности. Учениците се информираа, се запознаа со интерниот училишен проект и тековните активности. Се формираше  Училишен центар за почитување на различности со ученици од 8 и 9 одделение.

Се реализираа работилница „Инклузија“ и работилница „Инклузивен јазик“.

Беше распишан ликовен и литературен конкурс на тема „Убавините на различностите- Јас ти различни, но совршен тим“.

Како финален производ со учениците се подготви флаер со заклучоци од досега сработеното, се подготови, се  дизајнираше и се испечати збирката со творби.

Збирката, флаерот и креативните изработки се промовираа во училиштето при одбележување на 3 декември Меѓународен ден на лицата со попреченост.

Во рамки на проектот имавме и хуманитарна акција, со средствата се обезбедија пакетчиња кои беа дискретно поделени  на учениците со попреченост и учениците од социјално загрозени  средини.

 

Дефектолог м-р Адријана Кукоска

 

 

ПРОЕКТИ ПРОЕКТ „УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО“

 

Во текот на првото полугодие во учебната 2025/2026 година стручните соработници училишниот педагог, психолог и дефектолог реализираа работилници на теми поврзани со врсничко насилство.

Проектот Училиште без насилство“ претставува системски пристап за создавање училишна средина во која секој ученик се чувствува сигурно, заштитено и прифатено.

  Во рамките на проектот се спроведуваат активности за препознавање ризични ситуации, поттикнување ненасилна комуникација и развивање култура на почит и одговорност.

  Преку заедничка соработка на учениците, наставниците и родителите, се гради јасна поддржувачка мрежа што спречува конфликти, го намалува несаканото однесување и промовира конструктивни решенија.

  Целта е училиштето да стане место каде доминираат безбедноста, емпатијата и позитивните односи помеѓу сите учесници во воспитно-образовниот процес.

  Во овие работилници учествуваа вкупно 301 ученик од II, IV, V,VI , VII и IX одделение. 

 

педагог Весна Рафеска

психолог Бранка Бранковиќ 

дефектолог Адријана Кукоска

 



Прием по повод назначувањето на новата Амбасадорка на Народна Република Кина

 

На ден 9.12.2025 година, во просториите на Хотел Мериот беше одржан свечен прием по повод назначувањето на новата Амбасадорка на Народна Република Кина.  

На приемот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, државни и локални институции, претставници на образовни, културни и други релевантни институции, како и поканети гости од јавниот и општествениот живот.

Настанот помина во пријатна и свечена атмосфера, достојна за ваков значаен дипломатски чин, и претставуваше уште еден чекор кон зајакнување на пријателските односи и меѓусебната соработка.

Возвишено чувство, и ние како училиште поканети за присуство на свеченоста, со огромно задоволство присуствувавме на овој преубав настан 🇲🇰🇨🇳.

директор Татјана Трпеска

Магдалена Бадарова

Весна Рафеска

Мануела Маркоска

Виолета Николин





уторак, 30. децембар 2025.

СОРАБОТКА СО ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - ИНСТИТУТ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

 

Во текот на месец ноември и декември училишниот дефектолог Адријана Кукоска во соработка ОКВ и со Институт за специјална едукација и рехабилитција, Филозофски Факултет при УКИМ, се реализирааа вежби, практична настава по предметот Инклузивна пракса, во нашето училиште ООУ Рајко Жинзифов“.

  Целта беше студентите да посетуват редовно училиште во кое има вклучено ученици со посебни образовни потреби. Активно да учествуваат во креирањето и спроведувањето на Индивидуалниот образовен план за учениците со пречки во развојот во редовното училиште. Да учествуваат во тимската работа и стекнуваат вештини кои се неопходни за самостојна стручна работа со децата со пречки во развојот во редовното училиште.

  Студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитција имаа можност да се запознаат со инклузијата и инклузивното образование во нашето училиште. Дефектолошка процена, досие на ученик, работните задачи, подрачјата на работа на специјалниот едукатор и рехабилитатот во основно училиште.

  Начини на работа со учениците со попреченот во зависност од нивните можности, потреби и способности, изработка на индивидуален образовен план, модифицирана програма, диференцијација во настава и ревизија на истите. Запознавање со работата на инклузивен тим на ниво на училиште и инклузивни тимови на учениците, начини на соработка со родители.


Дефектолог м-р Адријана Кукоска

 

Новогодишна приредба

 

Учениците, заедно со нивните наставнички Кети Сталеска, Билјана Стефковска, Софија Лукровска, Вилма Влаховиќ,  Светлана Жежовска, Горица Станковска, од IV и V a, б и в од централното училиште подготвија и реализираа Новогодишна инклузивна приредба за своите другарчиња од помалите одделенија на 29.12.2015 г. понеделник. Приредбата беше проследена со многу радост, среќа и задоволство. Се ширеше љубов и се посакаа искрени новогодишни желби за добро детство и поубав свет. Дедо Мраз подели пакетчиња за првачињата. На среќата и немаше крај.





 

Настанок на книгата

 

Реализирана работилница на тема ,,Како настанале книгите ? “со учениците од VI одд.

 ,,Ако има книга што сакаш да ја прочиташ,но не е се уште напишана,треба да ја напишеш ти! “

Библиотекар: Александра Милчева




четвртак, 25. децембар 2025.

ПОДЕЛБА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

 

        Во рамки на интерниот училишен проект Убавините  на  различностите“ директорот на училиштето Татјана Трпеска, училишниот дефектолог Адријана Кукоска и наставникот по географија Горан Петковиќ реализираа хуманитарна акција во која учествуваа и учениците од ,,Центарот за почитување на различности“ кои дадоа голем допринос при реализирање на истата. Со средствата се обезбедија пакетчиња кои беа дискретно поделени  на учениците со попреченост, потешкотии и учениците од социјално загрозени  средини.

Различностите нè зближуваат, а заедништвото нè прави посилни!

Во нашето училиште учиме, растеме и создаваме подобра инклузивна иднина за сите.

СИТЕ ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ ПОДОБАР СВЕТ!

дефектолог м-р Адријана Кукоска




среда, 24. децембар 2025.

Извештај за реализирана Новогодишна работилница

     На ден 22 декември  во училницата на III - а се одржа новогодишна работилница во која се подготвивме за учество во новогодишниот базар. Огромна благодарност до родителите и учениците кои несебично ги создадоа своите креации. Уживавме во дружбата.


Реализиран Новогодишен базар

 


На 23.12.2025 година, во просториите на нашето училиште, успешно се одржа  Новогодишен базар. Настанот помина во празнична и весела атмосфера, исполнета со детска радост, креативност и заедништво. 

На базарот зедоа учество сите ученици од прво до деветто одделение, заедно со своите одделенски раководители. Учениците подготвија и изложија разновидни новогодишни украси, рачни изработки, честитки и други креативни производи, изработени со голем труд и љубов. 

Настанот беше одлична можност за поттикнување на тимската работа, креативноста и хуманоста кај учениците, како и за зајакнување на соработката меѓу учениците, наставниците и родителите. 

Новогодишниот базар придонесе за создавање топла празнична атмосфера и уште еднаш ја потврди важноста на ваквите заеднички училишни активности. Со вакви настани, училиштето ја негува традицијата на заедништво и празничен дух оставајќи убави спомени кај сите присутни.

Одговорни наставници : Билјана Петровска, Кети Сталеска, Цветанка Ѓорѓиевска








                                 

                    





четвртак, 18. децембар 2025.

Техники за успешно учење

 

Во текот на првото полугодие во учебната 2025/2026 година училишниот педагог Весна Рафеска и психологот Бранка Бранковиќ реализираа работилници на тема “Техники за успешно учење” со учениците од шесто одделение во централното и подрачното училиште.

На работилниците се зборуваше за различни стратегии кои им помагаат на учениците да учат поефикасно, да го организираат времето и да ги развиваат своите вештини за запомнување и концентрација. Учениците активно учествуваа во дискусии, вежби и практични задачи кои им помогнаа да ги применат научените техники во своето секојдневно учење.

Педагогот и психологот им дадоа вредни совети за тоа како да се справуваат со стресот пред тестови, како да прават план за учење и како да ја одржуваат мотивацијата висока.

Овие работилници ја поттикна и самодовербата на учениците, како и желбата за постигнување успех.

психолог Бранка Бранковиќ

педагог Весна Рафеска





Интерактивна театарска претстава “Дедо Мраз, Стич и Енџел”

На 17.12.2025 год.  учениците од I до V одд. ја следеа новогодишната интерактивна театарска претстава “Дедо Мраз,Стич и Енџел”.

Поучна приказна во која се говори за емпатијата, другарството, почитта,семејните вредности, љубезноста и љубовта.

Цел: Поттикнување на детската фантазија, креативност и љубовта кон драмата и театарот. Проследена со голем интерес и воодушевување. Празници се ближат!


Краснопис

 

      Учениците од VII в одд.учествуваа на натпревар по убаво пишување –краснопис.

     Библиотекарот им објасни за значењето на краснописот и користење на правилните форми на буквите од македонската кирилица.Натпреварувачите со својата креативности и имагинација ги напишаа стиховите од песната ,,Книгата е извор ''од Никола Алтиев.

       Тројца ученици со најдобро напишани стихови се наградени.     

 

Библиотекар Александра Милчева

 


Наша библиотека

 

    Во училишната библиотека се одржа работилница со ученици од Пинтија за библиотечниот фонд.

     Учениците разгледуваа едукативни книги од кои можат да истражуваат нови теми и да развиваат нови вештини. 

   Библиотекар Александра Милчева



среда, 17. децембар 2025.

Заедно во новогодишната магија - Општина Кисела Вода


Нашето училиште учествуваше во заедничко украсување на новогодишната елка пред Општина Кисела Вода. Учениците, директорите и наставниците заедно  ја украсуваа елката, создавајќи новогодишна атмосфера и ширејќи радост во нашата заедница.

 Честитки до сите кои учествуваа и ја направија оваа активност посебна!

предметен наставник Татијана Георгиевски



Новогодишно украсување на училишниот двор

Со доаѓањето на зимските празници, нашиот училишен двор заблеска во новогодишна магија! Учениците се вклучија во украсување на дрвјата со шарени светилки, украси и разни декорации.

Активноста не само што ја збогати празничната атмосфера, туку и ги поттикна учениците на креативност, тимска соработка и радост од заедничкото создавање. 

Оваа активност покажа дека празничниот дух не се мери само со светлото и боите, туку и со заедништвото и насмевките што ги споделуваме со другите.

 Да ја прославиме зимата и да ја почувствуваме магијата на заедништвото!





 

уторак, 16. децембар 2025.

Еко велосипед – од идеја до реалност

 

Учениците од петто одделение учествуваа во едукативно-креативна активност која ги комбинираше безбедното возење велосипед со изработка од рециклирани материјали.

Преку активноста, учениците:

Ги научија деловите на велосипедот и правилата за безбедно возење

Креираа уникатни вело додатоци и украси

Применуваа принципи на рециклирање и одржливост

Зајакнаа тимската работа и групната соработка

Дизајнираа инспиративни вело објекти кои ја промовираат велосипедската култура

Наставници и автори: Павлина Димовска, Светлана Жежовска, Вилма Влаховиќ, Кети Сталеска

Вело Училишта ја спроведува својата годишна програма со поддршка од АМСМ – партнер кој верува во безбедни улици и одговорни млади велосипедисти.



Засадување млади садници за поздрава животна средина

 

    Денес нашето училиште беше дел од проектот на Општина Кисела Вода и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска „Засадување млади садници за поздрава животна средина“.

Оваа акција не само што придонесува за почиста и поздрава средина, туку и ги поттикнува учениците да се вклучат активно во заштита на природата. Заедно создадовме зелена трага која ќе ги инспирира идните генерации.

предметни наставници: Билјана Наунова, Маја Димеска и Никола Соколовски





петак, 12. децембар 2025.

Учениците го украсија училишниот простор во подрачното училиште во Пинтија

 

Учениците од нашето училиште со многу ентузијазам и креативност го украсија внатрешниот простор на училиштето за претстојните новогодишни празници. Со помош на наставниците, тие изработија шарени украси, лампиони, и празнични детали кои го претворија холот и училниците во вистинска зимска бајка.

Оваа активност им овозможи на учениците да ја развиваат својата креативност, да работат во тим и да почувствуваат радост од создавањето на празнична атмосфера во својот училиштен простор.