четвртак, 26. март 2026.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЦП

 


Денес во училишниот двор го одбележавме денот за подигнување на свеста за лицата со церебрална парализа. Наши гости беа членовите од Здружението на родители на деца со церебрална парализа, кои ни подарија цвеќиња. Цвеќињата заедно ги засадивме и го разубавивме училишниот простор. 

Нашето училиште, директорката Татјана Трпеска, им додели благодарница, учениците им приредија пригодна инклузивна-еко-драматизација и им подарија рачни изработки на нашите ценети гости.

Овој ден не беше само посета – беше пример како ние секојдевно меѓусебно се прифаќаме, разбираме, се почитуваме...

Покажавме што значи вистинско прифаќање без предрасуди, со отворено срце и подадена рака за пријателство.


Да градиме средина каде секој е добредојден, почитуван и сакан – токму такви мали чекори создаваат големи промени!

Заедно создаваме општество во кое секој има свое место!


Дефектолог 

м-р Адријана Кукоска








Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.