Училишниот дефектолог со учениците од II-в одделение го одбележаа светскиот ден на лицата со Down синдром-21 март, симболично одбраниот датум на светско поради трисомија на 21 хромозом.
Овој ден симболично се одбележува со носење шарени чорапи – знак дека различноста не треба да се крие, туку да се слави. Шарените чорапи потсетуваат дека иако сме различни, сите сме еднакво вредни.
Секој ученик украсуваше чорапче и на истото напиша порака за поддршка на овие лица. На работилницата заклучивме дека е важно како општество да продолжиме да градиме средина во која секое дете и секој човек ќе има еднакви можности. Инклузијата не е само збор – таа е одговорност на сите нас. Да покажеме почит, разбирање и поддршка, не само на 21 март, туку секој ден. Затоа што вистинската сила на едно општество се мери по тоа колку ги прифаќа и поддржува најразличните меѓу нас.
Дефектолог
м-р Адријана Кукоска


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.