19.03.2026 четврток
По повод одбележувањето на Денот на Екологијата, и во склоп на неделата на Патронатот во нашето училиште се реализираа низа активности со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на заштитата на животната средина.
Настанот започна со кратка воведна програма, во која учениците преку говори и пораки ја истакнаа важноста од грижата за природата и одговорното однесување кон отпадот. Потоа следуваше драматизација спремена од страна на учениците од 7 одд. со еколошка тематика, под наслов ,,Секојдневен хаос,,која на интересен, комичен и поучен начин ги пренесе пораките за рециклирање и зачувување на околината. Потоа следува мал Еко настап на ученичката Леона Рајковска од 4 одд која носеше креација изработена од хартија со украси од метал, пластика,ташна од кеси(сукна, блуза и ташна) истакнувајки ја важноста за рециклирање и повторна употреба на отпадни материјали на интересен и креативен начин.
Во рамки на активностите, учениците изработија креативни маски и предмети од рециклирани материјали(планетата Земја-топка,хартија,лепило,бои,отпад,Еко постер Еко Информатор-Зелен клуб,Роботчиња изработени од рециклирани материјали,кукла облечена со облека направена од кеси,мече изработено од пластични шишиња материјали текстил,хранилка од дрво украсена со копчиња, кутивчиња за моливи изработени од пластични шишиња украсени со материјали,уметничка слика изработена од стари CD-а) како и еко-постери и еко песни со пораки за заштита на животната средина. Беше организирана и изложба на изработките, која предизвика голем интерес кај присутните.
Најинтересен дел од настанот беше играта „Селектирај го отпадот“, ја реализираа ученици од 4 одд. Заедно со Наставник Кети Сталеска која учениците ја следеа со голема еуфорија. Тие активно навиваа и со возбуда го бодреа својот тим, создавајќи позитивна и динамична атмосфера. Преку играта, на забавен и интерактивен начин се поттикна нивната свест за правилно селектирање на отпадот и важноста од рециклирањето.
Посебен белег на настанот дадоа и нашите еко-херои – Еко Картонче и Еко Патрола, кои будно го следеа целиот тек на активностите. Тие се грижеа сè да биде беспрекорно организирано и реализирано, потсетувајќи ги учениците на правилата за селектирање на отпадот и одговорното однесување. Со своето присуство внесоа дополнителна енергија, радост и многу смеа, создавајќи весела и позитивна атмосфера кај сите учесници.
Еко патролата направи анкета помеѓу учениците за да ја испита нивната свест и информираност за селектирање на отпадот и заштита на животната средина. Добиените резултати покажаа дека учениците имаат солидни познавања, но и желба за дополнително учење и вклучување во еколошки активности.
Денот на екологијата беше достоинствено одбележан, при што сите активности беа успешно реализирани согласно планот и програмата. Учениците покажаа голем интерес, ангажираност и ентузијазам, а настанот придонесе за развивање на еколошката култура и навики кај младите.
Координатор и одговорен наставник Билјана Наунова, Кети Сталеска


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.