недеља, 25. мај 2025.

Мимо - работилница ,,Весели букви"

На ден 23.5.2025 година, во нашето училиште се одржа работилница во рамките на МИМО, на тема ,,Азбука" со наслов ,,Весели букви".

Работилницата беше реализирана со заеднички активности со ученици од второ одделение од централното училиште и нивните одделенски наставнички и ученици од второ одделение од партнер училиштето - ООУ ,,Алија Авдовиќ" - с. Батинци, општина Студеничани и нивната одделенска наставничка, а беше присутен и претставник од родителите на учениците/гости.
Учениците меѓусебно се запознаа, откако претходно на самиот почеток испеаја иста песна за двете азбуки, со наслов ,,Азбука" и ,,Алфабети", по што следеа активности со креативно пишување букви, зборови и реченици на македонски и албански јазик, а напишавме и заедничка реченица составена од македонски и албански зборови. Учениците научија дека двете различни азбуки имаат и сличности, а двата јазика и покрај разликите, имаат исти зборови.
Активноста заврши со игра и групно фотографирање. На крајот учениците заслужено беа почастени од домаќинот, односно нашето училиште. Се разделивме со убави впечатоци и желба за повторна средба.








Нема коментара:

Постави коментар