Учениците од 8а,б,в,г заедно со наставниците Билјана Наунова, Маја Младенова и Даниел Манасиев на ден 27.05.2025 вторник беа во посета на Природнонаучен музеј на Македонија. Посетата придонесе да се продлабочат знаењата преку директно запознавање со природните експонати и поврзување на теоријата ,она што го учат, со практичната реалност и способноста за набљудување. Учениците имаа можност да ја видат разновидноста на животинскиот свет (влечуги,птици,цицачи и инсекти) од различни екосистеми,фосилни остатоци, еволутивен развој. Се запознаа и со загрозените видови и начини на нивна заштита, при што поставуваа прашања и учествуваа во дискусии водени од водичот.Посетата на Природнонаучниот музеј беше успешно реализирана и имаше позитивно влијание врз мотивацијата и знаењето на учениците.
Нема коментара:
Постави коментар