На 12.05.2025 учениците од 3д одделение го посетија саемот на книгата. Учениците имаа можност да учествуваат во работилницата Девојчето и куклата што патува на штандот на Арс Ламина и истовремено да другаруваат со авторот на сликовницата Александар Русјаков.
Авторот им ја презентираше сликовницата , ги водеше на патување низ различни предели во светот ,им кажуваше по некоја карактеристика за секоја дестинација,но им подели и разгледници и им даде упатство како да ги пополнат, да си ги разменат меѓусебно и да ги прочитаат.
Ова беше прекрасно искуство кое ги поттикна да ги засакаат уште повеќе читањето и книгата. Потоа имавме можност да ги разгледаме и другите штандови со многу нови изданија. Учениците со интерес разгледуваа ,избираа книги и разговараа за своите омилени наслови. Ваквите посети се одличен начин да се поттикне љубовта кон пишаниот збор.
Одговорен наставник Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар