петак, 30. мај 2025.
,,Саем на наука”- Љубен Лапе
четвртак, 29. мај 2025.
Посета во Природнонаучен Музеј - Скопје
понедељак, 26. мај 2025.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 24 МАЈ, СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ
На 23.05 2025 година учениците од 6а,б,в и 9а одделение ја истакнаа својата креативност преку ученичка работилница посветена на словенските просветители Св. Кирил и Методиј под менторство на предметните наставници Љуба Мишевска и Елена Ристевска.
Најнапред учениците ја ислушнаа химната за словенските просветители а потоа го испишаа нивното име на првата словенска азбука (Глаголица). Учениците од 9 одделение подготвија презентазија за животот и делата на браќата како и нивните значајни мисии во однос на ширење на словенската писменост. Учениците посебно ги истакнаа Моравската и Панонската мисија, значајни за христијанскиот словенски народ. Дел од учениците ја истакнаа својата творечка креативност, а дел изработуваа хамер и цртежи со нивниот лик. На крајот учениците ги прочитаа своите творби и го презентираа изработениот хамер.
Нека ни е честит празникот и вечно да се слави нивното име!
Извештај од реализираната еднодневна екскурзија за трето одд.
Врз основа на годишната програма за работа на училиштето ООУ Рајко Жинзифов- Скопје за учебната 2024/25 год. учениците од 3 а,б,в,г,д одделение беа на еднодневна наставно- научна екскурзија во Кавадарци. Екскурзијата за учениците од трето одделение од деветгодишното образование е планирана како еднодневна екскурзија во траење од еден ден во Кавадарци се реализира на 09.05.2025 год.
Воспитно -образовни цели
-Запознавање со минатото и традицијата на нашиот народ,-Совладување и проширување на знаењата,-Примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите, односи во природната и општествена средина, културно историските знаменитости-стекнување конкретни знаења за посетените објекти.
Задачи
Изучување и истражување на објекти и појави во природата како и односите во општествениот живот, развивање интерес за природата и градење еколошки навики, запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви, развивање позитивен однос кон националните, културните и естетските вредности, поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, социјализација, колективна заштита и стекнување искуство за осамостојување и грижа за себе.
Екскурзијата се реализираше со тргнување во утринските часови со попатна посета на винарија Тиквеш. Разгледување на природните убавини на блиската околина. Запознавање со функцијата и значењето на хидроцентралата за регионот. Посета на Спомен костурницата, Градскиот парк-Кавадарци .Патот го продолживме за селото Ваташа. Спомен обележјето за дванаесетте младенци стрелани во НОБ. Попатна посета на црквата Св.Петка.
На екскурзијата покрај одделенските раководители присуствуваа водич на групата и медицинско лице.
Одговорни наставници -Актив на трето одделение
недеља, 25. мај 2025.
Мимо - работилница ,,Весели букви"
Проект „Ја сакам природата и сум одговорен за неа“.
Спортски игри- подрачно училиште Пинтија
Oпштински и регионален натпревар по Природни науки
Учениците од 4 Г одд. од подрачното училиште учествуваа на општински и регионален натпревар по Природни науки и освоија
1. Илина Јовановска 4 г трета награда
2. Даријан Јаковчевски 4г трета награда
3. Луна Андовска 4г пофалница
4. Мила Ќириќ 4г пофалница
5. Марин Јовановиќ 4г пофалица
Одделенски наставник : Ирена Ѓоршевска
МИМО активност- тема “Традиција во Македонија и Британија“.
МИМО активност
На ден 23.5.2025 во рамките на МИМО проектот се одржа заедничка работилница со ученици од шесто одделение од нашето училиште и од училиштето “Алија Авдовиќ“ на тема “Традиција во Македонија и Британија“. Учениците ги развија меѓуетничката толеранција и почитување и се запознаа со различни културни вредности и традиции, со цел градење на позитивни ставови и разбирање.
Одговорен наставник:
Магдалена Бадарова
четвртак, 15. мај 2025.
Извештај за посета на културно – историски знаменитости во градот Скопје
На 14.5.2025г. учениците од четвртите одделенија реализираа посета на културно-историски споменици, значајни знаменитости и верски објекти во нашиот главен град. Непосредно и доследно ги проширија своите стекнати знаења за богатото културно наследство во нашиот град при тоа развивајќи позитивни чувства, културен однос и меѓусебна соработка и дружба.
Реализатори: IV а Вилма Влаховиќ, IV б Светлана Жежовска, IV в Марија Илиева, IV г Ирена Ѓоршевска, IV д Билјана Илиева
среда, 14. мај 2025.
ИЗВЕШТАЈ - од реализираната посета на Саем на книга
На 12.05.2025 учениците од 3д одделение го посетија саемот на книгата. Учениците имаа можност да учествуваат во работилницата Девојчето и куклата што патува на штандот на Арс Ламина и истовремено да другаруваат со авторот на сликовницата Александар Русјаков.
Авторот им ја презентираше сликовницата , ги водеше на патување низ различни предели во светот ,им кажуваше по некоја карактеристика за секоја дестинација,но им подели и разгледници и им даде упатство како да ги пополнат, да си ги разменат меѓусебно и да ги прочитаат.
Ова беше прекрасно искуство кое ги поттикна да ги засакаат уште повеќе читањето и книгата. Потоа имавме можност да ги разгледаме и другите штандови со многу нови изданија. Учениците со интерес разгледуваа ,избираа книги и разговараа за своите омилени наслови. Ваквите посети се одличен начин да се поттикне љубовта кон пишаниот збор.
Одговорен наставник Елена Стојановска
понедељак, 12. мај 2025.
,,Генералка викенд,,
На 9 Мај 2025 се одржува големата пролетна акција -,,Генералка викенд", со учество на училишта од цела држава. По тој повод ,нашето училиште централното и подрачното во нас.Пинтија се вклучува со организирање на Еко час, во кој учениците спроведоа практични активности за заштита на животната средина, чистење на училишниот двор и пошироката околина. Целта на Еко часот е да се развие еколошка свест кај учениците преку активности како што се собирање отпад,рециклирање,садење и освежување на растенија.
Одговорен наставник по Биологија и Природни науки
Билјана Наунова
петак, 9. мај 2025.
,,Саем на наука”
На ден 08.05.2025 година во рамки на проектот Науката и јас подржан од Македонија 2025 и Компанијата Џонсон Мети се одржа работилница за ефективна настава за наставници кои предаваат природни науки. Работилницата се одржа во ОУ ,, 25 Мај "Скопје Наставниците покрај предавањето имаа можност да учествуваат во изработка на експерименти и да го надградат своето знаење.
Македонија 2025 Огранок во Република Македонија, донираше сет за наука во вкупна вредност од 32,600 МКД (триесет и две илјади и шестстотини) на 22.05.2025 година на Општинско основно училиште “Рајко Жинзифов” oд н. Драчево.
Сетот за наука е наменет за подршка и унапредување образовниот развој во нашата земја, преку обезбедување и подобрување на услови за одржување на наставата по природни науки во 6 одделение. Сетот на наука се доделува на наставник по природни науки Билјана Наунова, учесничка во „Науката и Јас“ Тренинг работилница за ефективна настава по природни науки за наставници по природни науки во Македонија, и учесник на Саем на наука, одржани во мај 2025 година во Скопје. Проектот е имплементиран во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.
Селекција на отпадот од пакување
Денес учениците од IIa се вклучија активно во процесот на селекција на отпадот од пакување. За таа цел учениците собираа пластични шишиња, истите ги однесовме во Кам маркет каде што има вендинг машина за собирање шишиња. Со помош на апликација од мобилен телефон собираме зелени поени.
Воспоставување на навика за постојана грижа за природата, стануваме посовесни и поодговорни граѓани се со цел заштита на животната средина во нашето општество. Акцијата продолжува и понатаму.
Одговорни наставници : Маја Атанасовска Спасеска Горица Станковска
среда, 7. мај 2025.
5 мај - Ден на македонскиот јазик
Датумот 5 мај е избран како Ден на македонскиот јазик бидејќи токму на овој ден во 1945 година, Народната влада на Федерална Македонија ја донела одлуката за официјализирање на македонскиот литературен јазик и за усвојување на македонската азбука. Оваа одлука претставува еден од најзначајните моменти во историјата на македонскиот народ, бидејќи со тоа македонскиот јазик добива статус на службен јазик во државата, а македонската азбука станува официјално писмо.
Денот на македонскиот јазик е можност да се потсетиме на важноста од негова заштита, правилна употреба и негување. Тој е повик до сите генерации – од најмладите до најстарите – да го почитуваат и сакаат својот јазик, да го користат правилно и да го пренесуваат на идните поколенија.
Нашите ученици на овој ден земаа учество на настанот по повод 80 години од кодификација на македонскиот јазик, во салата "Билјана Беличанец" и ја рецитираа народната песна "Стојан и Лилјана - учи ме мајко карај ме".
ДА ГО ЧУВАМЕ И НЕГУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК !!!
Одговорни наставници Елена Ристевска, Љупка Мишевска