понедељак, 10. фебруар 2025.

ИЗВЕШТАЈ од гостувањето на писателката Јадранка Клисарова автор на лектирата ,, Децата од моето училиште,,

На наше огромно задоволство во нашето училиште во 3-д  одделение на 31.01.2025 год. ни гостуваше писателката Јадранка Клисарова при што учениците имаа можност одблизу да се запознаат со писателот како творец, поставуваа прашања,  разговраа  за ликовите и постапките ,ги опишуваа своите впечатоци за лектирното дело. Целта во расказите на Клисарова е детето подобро да го осознае светот околу себе преку примерите од ликовите.Во нив се зборува за добрината, насмевките, другарството.

На крајот на средбата учениците дополнително се интересираа за нејзиното литературно творештво, инспирација и работа како писател и беа презадоволни од добиените одговори. Со особено задоволство писателката им се потпиша на сите во нивните книги, а учениците во знак на благодарност за  нејзината посета изработија книга со нивните впечатоци и и ја подарија.                                       

                                        Одговорен наставник: Елена Стојановска

















Нема коментара:

Постави коментар