На ден 7.11.2024 год. во подрачното училиште во III—д одд. беше врачена вредна донација на смарт интерактивна табла со комплетна опрема од Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во соработка со родител. Амбасадорот беше пречекан од директорот на училиштето, претставник од редот на наставниците и учениците со топло добредојде преку изработки—знаменца од двете држави како и честитки со потпис на сите ученици, но исто така му беше врачена и Благодарница. На настанот беа присутни и претставници од Општина Кисела Вода.
Уште многу вакви донации нека се нижат за доброто на учениците, училиштето и секако за наставниците бидејќи ќе одговорат на потребите на современата настава и часовите ќе ги направат уште поквалитетни и интересни за учениците. Благодарност до родителот кој ни овозможи ваква донација!
одделенски наставник Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар