„Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во период од 15 октомври до 15 ноември со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците. Ние во нашето одделение III-д освен библиотеката на тркала со збирка сликовници „Нашата прва библиотека“ подготвена од страна на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ собравме и одреден фонд на книги и направивме мала библиотека со соодветна литература за деца во нашата училница. Секој ученик беше задолжен во тетратката по македонски јазик да направи табела и да ги запишува името и авторот на книгата која ќе ја прочита во текот на месецот.
Учениците отворено разговараа меѓу себе за содржината и чувствата што ги побуди кај нив книгата која ја прочитале. А на крај на месецот следуваше награда за нивниот труд односно за првите тројца читатели со најмногу прочитани книги. Наградата се состоеше од една книга лектира „Децата од нашата улица“, пофалница за учество во натпреварот како и членска карта за училишната библиотека. Се надевам дека ова беше доволен мотив и поттик да се читаат што повеќе книги, да пораснеме генерации на вистински „читачи“, но и да прерасне во традиција на одделението.
„Нема поумен и помудар од оној кој со книга другарува!“
одделенски наставник Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар