Учениците од III—г и III—д одделение на 20.11.2024 год. ја обработуваа лектирата „Доктор Офболи“ преку посета и следење на балетската претстава во Националната опера и балет. Претставата се состоеше од два чина.
Учениците имаа можност лектирното дело да го следат визуелно, да се запознаат со сцена, театар, глумци, музика, ефекти, костими. Тоа е класична сказна меѓу доброто и злото, во која се разбира дека победува доброто. Уживаа во следењето на балетот и откако се вратија во училиште продолжија со своите тековни активности: ги средуваа своите впечатоци, одговараа на прашања, илустрираа, изработија книга, драматизираа под маски.
Целта на часот беше постигната и беше донесен следниот важен заклучок: Хуманоста, пријателствата и дружбите ги соединуваат луѓето!
одделенски наставници Елена Стојановска и Валентина Димишковска
Нема коментара:
Постави коментар