петак, 29. новембар 2024.

Презентација на програмата за унапредување на менталното здравје – работилница на тема „Стилови на родителство“

 

        На ден 28.11.2024 год. на Совет на родители од страна на училишниот педагог Весна Рафеска беше презентирана програмата за унапредување на менталното здравје и реализирана работилница  на тема Стилови на родителство“

    Целта на оваа работилница е препознавање на стиловите на родителство и ефектите врз децата, промовирање на менталното здравје и учењето, како и создавање на средина која ја минимизира стигмата и ја зголемува довербата меѓу учениците, персоналот, родителите и заедницата.

педагог Весна Рафеска



 

четвртак, 28. новембар 2024.

Есенско уредување на училишниот двор - Ученички парламент

    

        Согласно Годишната програма за работа на Ученичкиот парламент беше дадена иницијатива за есенско уредување на училишниот двор.             

        Акцијата се одржа на 27.11.2024. Во акцијата учествуваа по 7 ученици од секоја паралелка од петто до деветто оддделение.

предметен наставник Магдалена Бадарова








понедељак, 25. новембар 2024.

Натпревар на општинско ниво во организација на противпожарниот сојуз на Кисела Вода

    Во организација на противпожарниот сојуз на Кисела Вода, на ден 25.11.2024 год. се одржа натпревар на општинско ниво.

Преставници од нашето училиште :

1.Андреј Тасевски VIII—а

2.Мила Кечовска VIII—а

3.Ива Здравеска VIII—а

    Воедно предадовме творби, изработени од нашите ученици, во делот на Македонски јазик и Ликовна уметност.

Очекуваме успех и позитивни резултати .

предметен наставници Горан Петковиќ

 


четвртак, 21. новембар 2024.

Обработка на лектирата „Доктор Офболи“

        Учениците од III—г и III—д  одделение на 20.11.2024 год. ја обработуваа лектирата Доктор Офболи“ преку посета и следење на балетската претстава во Националната опера и балет. Претставата се состоеше од два чина.

        Учениците имаа можност лектирното дело  да го следат визуелно, да се запознаат со сцена, театар, глумци, музика, ефекти, костими. Тоа е класична сказна меѓу доброто и злото, во која се разбира дека победува доброто. Уживаа во следењето на балетот и откако се вратија во училиште продолжија со своите тековни активности: ги средуваа своите впечатоци, одговараа на прашања, илустрираа, изработија книга, драматизираа под маски.

        Целта на часот беше постигната и беше донесен следниот важен заклучок: Хуманоста, пријателствата и дружбите ги соединуваат луѓето!                                            

одделенски наставници Елена Стојановска и Валентина Димишковска



 











среда, 20. новембар 2024.

Детски културен центар Карпош- Квиз на општо знаење

            Во организација на детски културен центар Карпош нашето училиште зеде учество во квизот на општо знаење.

            Денес се одржа првото коло, во кое учество ќе имаат 48 основни училишта на ниво на град Скопје. Во рамки на квизот се поставуваат кратки прашања од сите наставни предмети.

        Второто коло е закажано за втори месец во 2025 година, кога започнува и фазата на елиминации.

          Нашето училиште беше преставено од учениците Андреј Јовановски, Андреа Мемиш Апостоловска, Матеј Меноски и Јована Цветковиќ од IX—а одделение.

предметен наставник Горан Петковиќ



 




уторак, 19. новембар 2024.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата

        По повод Меѓународниот ден на толеранцијата во ООУ Рајко Жинзифов“ училишниот психолог заедно со одделенскиот наставник Виолета Николин реализираше работилница на тема Толеранција“ со учениците од V – б одделение.

        Со промовирањето на толеранција градиме хармонија помеѓу различноста за да обезбедиме подобра иднина и училиште без дискриминација. Заедно создаваме средина во која владее мирот, толеранцијата и љубовта и ја промовираме слободата, еднаквоста, правдата и почитувањето на различноста.

психолог Бранка Бранковиќ




ПРОЕКТ „ОТВОРЕН ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

        На ден 18 ноември 2024 година по шести пат се одржа Отворениот ден по граѓанско образование на тема Културите во Македонија: Прифаќање и почитување на различностите“. Проектот го реализираа учениците од IX—б одделение, а настанот го збогатија и учениците од VIII—а, Михаил Илиески и Јована Митрулова.

предметен наставник Валентина Јанкоска



 











понедељак, 18. новембар 2024.

„МЕСЕЦ НА КНИГАТА “

        Во текот на месецот на книгата од 15 октомври до 15 ноември,учениците имаа можност да се запознааат со повеќе писатели и нивните дела.  Поголемо внимание се посвети  со претставување на македонскиот писател на литература за деца и млади Горјан Петревски. За таа цел беа изготвени печатен материјал и соодветно пано од информативен и забавен карактер. 

  Горјан Петревски


        Меѓу плејадата познати македонски писатели за деца, Горјан Петревски се издвојува како автор што најлесно допира до детските срца. Тој во своите дела како да го пишува токму она што е во нивните глави во годините кога не се ни на небо ни на земја, кога ја подотвораат вратата на светот на возрасните, но ги чувствуваат и првите љубовни треперења.

      Пишувајќи за адолесцентите, тинејџерите, тој го прикажува својот богат и творечки свет, свет во кој се застапени мотивите од секојдневниот живот на младите.                                                                                   

библиотекар Александра Милчева    


     

 








Одбележување „Месец на книгата“ од 15 октомри до 15 ноември

        Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во период од 15 октомври  до 15 ноември со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците.  Ние во нашето одделение III-д освен библиотеката на тркала со збирка сликовници Нашата прва библиотека“ подготвена од страна на Проектот на УСАИД Со читање до лидерство“ собравме и одреден фонд на книги и направивме мала библиотека со соодветна литература за деца во нашата училница.  Секој ученик беше задолжен во тетратката по македонски јазик да направи табела и да ги запишува името и авторот на книгата која ќе ја прочита во текот на месецот. 

        Учениците отворено разговараа меѓу себе за содржината и чувствата што ги побуди кај нив книгата која ја прочитале. А на крај на месецот следуваше награда за нивниот труд односно за  првите тројца читатели со најмногу прочитани книги.  Наградата се состоеше од една книга лектира Децата од нашата улица“, пофалница за учество во натпреварот како и членска карта за училишната библиотека. Се надевам дека ова беше доволен мотив  и поттик да се читаат  што повеќе книги, да пораснеме генерации на вистински читачи“, но и да прерасне во традиција на одделението. 

Нема поумен и помудар  од оној кој со книга другарува!“  

одделенски наставник Елена Стојановска



                                                 

                                                                     














четвртак, 14. новембар 2024.

МОЈОТ ГРАД - Извештај по повод ослободување на градот Скопје

    Изразување и  творење во предметна настава на тема Мојот град'’ под менторство на библиотекарот. Учениците преку песни, состави, цитати , сликовно и преку изработка на пано ја изразија љубовта и убавината на својот град.

библиотекар Александра Милчева



 




среда, 13. новембар 2024.

Избор на Ученички правобранител

    Ученичкиот правобранител се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето. Тоа е ученичка функција и должност, која претставува модел на ученичко учество доста значаен за заштита на детските права во училиштето. Ученичкиот правобранител учествува и во работата на ученичкиот парламент на кој се разговара за проблеми поврзани со можни повреди на правата на учениците. Стручните соработници остваруваат контакти на месечно ниво со правобранителот со цел поддршка во надминување на проблеми поврзани со прекршување на детските права.

    По распишаниот повик и спроведените избори со сите ученици од седмо до деветто одделение на 12.11.2024 год. за ученички правобранител е избран Андреј Николовски од IX—в одделение, а за заменик правобранител согласно добиените гласови е ученичката Теона Николова од VIII—г одделение.

предметен наставник Магдалена Бадарова

педагог Весна Рафеска

психолог Бранка Бранковиќ



 












уторак, 12. новембар 2024.

Претстава „Зборови кои болат повеќе од шамар“

 

    На ден 12.11.2024 година учениците од деветто одделение од централното и подрачното училиште ја проследија претставата "Зборови кои болат повеќе од шамар", која се одржа во Дом на култура во Драчево, реализирана од страна на Здружение за едукација и развој на уметност ДИВИСИОН АРТ Скопје во соработка си Општина Кисела Вода.

    Претставата учениците ги наведе на размислување и поактивно делување за спречување на сѐ почестото присуство на врсничкото насилство!

предметен наставник Елена Ристеска

предметен наставник Анета Ѓ. Арсовска

предметен наставник Ленче Танушевска




 

 

петак, 8. новембар 2024.

Донација на Смарт табла

 

            На ден 7.11.2024 год. во подрачното училиште во III—д одд. беше врачена вредна  донација на смарт интерактивна табла со комплетна опрема од Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во соработка со родител.                           Амбасадорот беше пречекан од директорот на училиштето, претставник од редот на наставниците и учениците со топло добредојде преку изработки—знаменца од двете држави како и честитки со потпис на  сите ученици, но исто така му беше врачена и Благодарница.  На настанот беа присутни и претставници од Општина Кисела Вода.

       Уште многу вакви донации нека се нижат за доброто на учениците, училиштето и секако за наставниците бидејќи ќе одговорат на потребите на современата настава и часовите ќе ги направат уште поквалитетни и интересни за учениците. Благодарност до родителот кој ни овозможи ваква донација!

одделенски наставник Елена Стојановска



 

                                                                     









уторак, 5. новембар 2024.

Конференција за Наука за деца

     На 19.10.2024 во училиштето Нова“ се одржа Конференција за Наука за деца во рамки на која беа прогласени и изложени најдобрите дигитални плакати на тема: „Parlez-vous fran-sci?“ во соработка со Францускиот институт во Скопје. На конкурсот за најдобар дигитален плакат учествуваа 5 ученици од нашето училиште.

    Плакатот на ученикот Александар Муриќ од IX—в одделение беше изложен како еден од 15-те најдобри и беше дел од седумдневната изложба во просториите на Францускиот Институт во Скопје. Александар Муриќ беше дел од манифестацијата при што имаше можност пред присутната публика да ја образложи инспирацијата  како техниките и дигиталните алатки користени при изработка на неговиот плакат. Во рамки на Конференцијата се одржа и работилница за Роботика со примена на македонски и француски јазик. 

предметен наставник Анета Ѓуровска—Арсовска



 










субота, 2. новембар 2024.

Недела на кодирање 14 - 27.10.2024

    Учениците од II—а одделение - продолжен престој ја одбележаа неделата на кодирање преку активноста со парни и непарни броеви во склоп со планираните содржини по математика каде што требаше пчелката да ја однесат во нејзината кошница покажувајќи го патот преку парни или непарни броеви.

    За своите активност учениците се здобија со сертификати.

одделенски наставник

Маја Атанасовска Спасеска





 

 















Еднодневен есенски излет со учениците од 1во до 3то одделение


    Според годишната програма на ден 31.10.2024 се одржа еднодневен есенски излет од забавно рекреативен карактер за учениците од прво до трето одделение во Парк шума Гази Баба” со цел запознавање на убавините на природата во непосредна околина, развивање интерес за спортски активности и фер-плеј однесување, другарство, комуникација, споделување.

  Учениците развија љубов и грижа кон природата па на крајот пред да го напуштиме местото заедно со своите наставници се погрижија и секој си го собра својот отпад.

одделенските наставници

наставниците по Ф.З.О. Никола Соколовски и Кирил Атанасовски

образовните асистенти