среда, 13. децембар 2023.

Започна изградбата на затворена спортска сала во подрачното општинско училиште „Рајко Жинзифов“

 

Денес, на 13.12.2023 година, Општина Кисела Вода започна со градежните активности за изградба на затворен спортски објект во населбата Пинтија во нашето училиште.

Во подрачното училиште наставата ја посетуваат 252 ученика, а за наставата по физичко образование клучно е обезбедувањето на неопходна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на учениците.  Затворената спортска сала ќе има 350м2 и ќе биде простор каде нашите ученици ќе ги развиваат своите таленти и ќе уживаат во спортот.










Нема коментара:

Постави коментар